Метеоролизите предупредуваат: Македонија под влијание на циклон - можни се поплави

Уште во текот на ова претпладне територијата на Македонија е зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса, која особено во западната половина условува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, но ова е само почеток.

Во текот на денешниот ден во Македонија можни се опасни метеоролошки појави, како интензивен пороен дожд, локални поплавувања, олуен ветер, силни електрични празнења и појава на град, информира метеорологот Славчо Попоски.

Нашата територија се наоѓа под изразена циклонска активност, па токму таа го условува ова многу нестабилно време кај нас. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и од денес ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.

Во ваква ситуација, граѓаните да бидат крајно внимателни, особено во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Исто така во следните два, до три дена локално се очекува големо количество на воден талог кое може да надминува  и 60 л/м2.