Метална врата повреди малолетник на игралиште во Аеродром

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром, Р.Ж.(65) од Скопје пријавила дека на 28.06.2022 околу 20.30 часот на фудбалското игралиште на ул.„Бојмија“ на нејзиниот малолетен внук паднала метална врата.

- Малолетникот бил пренесен на Детска хирургија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.