Месечен хороскоп за ноември 2020: Лав

Прочитајте што ни носат ѕвездите во текот на ноември.

Работа

Во овој период ѕвездите ви се многу наклонети на ова поле, па ќе успеете да постигнете што и да посакате. Имајте трпение да почекате и да делувате во вистински момент, а важно е и да ги одмерите своите зборови и да ги споделите важните информации со колегите, но во вистинско време. Особено профитабилен ќе биде овој месец за оние Лавови кои се занимаваат со трговија, патувања и соработка со странство. 

Љубов

Ако сте во врска: На ова поле, односите ќе бидат прилично комплицирани и напнати во текот на ноември. Од вас се очекува да се поставите одговорно и и да ги решите проблемите поради кои партнерот почнува да губи чувство за реалноста и крева паника. Не се плашете од тоа да преземете иницијатива, бидејќи тоа се очекува од вас а можете и лесно да се справите со самата ситуација, но само ако сакате. Не дозволувајте да ја изгубите саканата личност поради ваква ситуација. 

Ако сте слободни: Слободните Лавови ќе се препуштат на емоциите,но ќе треба да бидат отворени во однос на тоа како се чувствуваат. Се заљубувате во личност која е студена и резервирана, па ќе биде важно да ја покажете својата наклонетост. Преземете иницијатива и следете го своето срце. 

Здравје

Потребна ви е дисциплина во однос на исхраната и физичките активности.