Месечен хороскоп за ноември 2020: Девица

Прочитајте што ни носат ѕвездите во текот на ноември.

Работа

Овој ноември ќе имате можност да запознаете интересни и влијателни личности кои ќе ве инспирираат. Одличен период за оние Девици кои работат со странство или патуваат. Следете ја својата интуиција, но не навлегувајте во различните коментари од луѓето околу вас. Понудете ја помошта дури и кога нема да биде побарана од вас, колегите ќе го ценат тоа. 

Љубов

Ако сте во врска: Овој период ви носи нестабилност на лично ниво, која ќе се рефлектира и на односот со саканата личност. Можно е без потреба да сакате да започнувате конфликти и да станете напорни особено на средината на месецот. Партнерот нема да има големо трпение за вас, па затоа ќе треба да го најдете балансот во врската. Надминете ги своите стравови, сомнежи и тврдоглавост. Ако ви се чини како вашите пријатели да ви судат за врската во која се наоѓате, потрудете се отворено да ги прашате каде лежи проблемот. 

Ако сте слободни: Слободните Девици ќе ги преиспитуваат своите контакти, флертувања и пријателства. Штом вие ќе почнете критички да гледате на другите, тогаш никој нема шанса за добра оценка. Задржете го трпението и не дозволувајте да ги прекинувате односите кои ви се важни поради мали ситници. Размислувањето и анализата се добри, но немојте да бидете престроги кон другите.

Здравје

Можни се настинки и проблеми со дишењето.