Месечен хороскоп за март 2021: Девица

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на март.

Работа

Полека излегувате од хаосот со кој се соочувавте во текот на февруари. Ако имавте сериозни критики од шефот, конечно вистината ќе излезе на виделина. Овој месец ве очекуваат награди и трајни резултати. Вашето трпение сега ви носи ментална сила и сигурност.

На 3 март, Венера прави секстил со Уран носејќи ви нови можности за соработка и партнерство со претпријатија и партнери од странство. Неочекуван успех доаѓа особено за оние Девици кои се занимаваат со туризам, образование, идејни решенија и сообраќај. На 4 март, Марс влегува во Близнаци што ќе ви помогне да се истакнете на работното место и да покажете повисоко ниво на организација во работата што ќе ви донесе одлични резултати.

Конјункцијата на Јупитер и Меркур ќе ви помогне да постигнете успех особено ако работите во секторите поврзани со грижа на корисници, електронска трговија и достава. Меркур влегува во Риби на 15 март што од вас бара внимателност во управувањето со финансиите.

Сонцето и Венера во вториот дел од март прават конјункција со Нептун што ви носи материјална поддршка во областите поврзани со забава, угостителство и образование. На 20 март, Сонцето влегува во Овен, а ден подоцна и во Венера што ви носи голема поддршка во однос на реализацијата на големи проекти. 

Невработените Девици ќе имаат успех во отпочнувањето нов бизнис, како и да се вработат во областите поврзани со забава, образование и услуги.

Љубов

Ако сте во врска, конјункцијата на Сонцето и Венера со Нептун ви носи склад во интимните односи и романтика. Ќе се чувствувате како да ги читате мислите на саканата личност и ќе ви биде лесно да се разберете за сите прашања во врската. Можно е и пријатно изненадување од партнерот што ќе донесе подобрување на квалитетот на вашата врска. Но, не инсистирајте на она што партнерот постојано го одбива, не туркајте премногу. 

Ако сте слободни, овој месец е особено поволен за влез во љубовна врска. Можно е да запознаете личност која ви одговара и емотивно и интелектуално, а силните чувства ќе ги препознаете уште на самиот почеток. Ќе се чувствувате како да сте ја нашле својата сродна душа.

Почетокот на март најавува убава приказна. Некои Девици ќе се препуштат на страстите со личност која ја знаат веќе некое време. Досега бевте воздржани, но не сакате веќе да ги потиснувате своите чувства.Некои Девици ќе се решат да дадат втора шанса на личност од минатото.

Здравје

Март ви носи стабилно здравје особено во втората половина. На почетокот на март, можен е пад на имунитетот.