Месечен хороскоп за мај 2020: Шкорпија

Работа

Бидете особено внимателни овој месец особено ако се занимавате со финансиски трансаксии. Ако морате да потпишете нешто, проверете неколку пати пред да го направите тоа. Потребни ви се нови сознанија, но и поинаков увид во работата. Оставете ги поголемите планови за иднината, а овој период фокусирајте на завршувањето на тоа што мора да се заврши.

Љубов

Ако сте во врска: Во партнерските односи доаѓа до успони и падови, но ќе морате заедно да поминете низ сите искушенија и промени кои можеби не сте ги сакале, но морате да ги издржите. Од овие ситуации ќе треба да го извлечете најдоброто, некои бариери ќе паднат, но добро е што ќе решите дека оваа врска вреди и дека навистина ја сакате личноста со која сте. Сетете се на ова кога сте лути и разочарани. 

Ако сте слободни: Слободните Шкорпии ќе се соочат со емоционални искушенија - минатото ги прогонува некои од нив веќе некое време. Но, овој пат доаѓа доаѓа како бумеранг  - директно во срце. Искористете го паметно овој период за да можете да продолжите напред. 

Здравје

Можни се главоболки поради метеопатија, но важно е и да се опуштите овој период.