Месечен хороскоп за мај 2020: Јарец

Работа

Блиску сте до исполнување на целите, но нешто сепак ви го замаглува видикот. Планетарните аспекти укажуваат на тоа дека треба да застанете и да го анализирате тоа што го правевте досега, пред да продолжите напред. Не треба да правите големи промени, туку само да го преиспитате она што го правите досега. 

Љубов

Ако сте во врска: Имате целосна поддршка од партнерот за тоа што сакате или не сакате да го направите. Но, вие воопшто не го забележувате тоа, бидејќи сте насочени кон некои свои чувства кои ги потиснувате, или пак неадекватно или ескплозивно ги изразувате. Пробајте да се погледнете себеси од страна, да видите колку непријатно делувате. Веројатно немате лоша намера, но дозволувате генералниот стрес да влијае на врската. Бидете среќни што имате партнер кој сака и може да се носи со тоа. 

Ако сте слободни:  Слободните Јарци ќе успеат да ги спуштат своите високи ѕидови, а веројатно многу спонтано ќе се впуштат во една интересна авантура. Можеби бунтот ви доаѓа задоцнето, но бидете спонтани и уживајте во наклонетоста на ѕвездите на ова поле. 

Здравје

Можни се сезонски алергии и чувствителност на кожата. Вежбајте, движете се, пијте витамини и минерали.