Месечен хороскоп за јули 2022: Шкорпија

Јули е месец кој ви носи неочекувани промени.

Работа

Не заборавајте да обрнете внимание на папирологијата овој месец. Концентрацијата ви е лоша, па дури и најмалиот пропуст може скапо да ве чини. Потребна ви е конкретна поддршка од колегите, не само добри зборови, но не е срамно да го кажете тоа јавно и директно. Имајте на ум дека нема да наидете на негативен одговор, особено меѓу најблиските соработници. 

Вие сте неверојатно моќен знак, па затоа препуштете се на енергијата овој месец. Ќе имате силна желба за авантура и потреба да имате отворен ум и да го проширите своето знаење. Ова е особено интензивно на 5 јули кога Меркур влегува во вашата деветта куќа на експанзија.  На истиот ден, Марс ја активира вашата седма куќа на сојузници и непријатели па ова е одличен ден за креирање сојузи на работното место, градење соработка, но и оддалечување од оние луѓе кои не мислат на вашиот интерес. 

Венера на 17 јули ви носи сосема поинаков пристап кон работата и можност да увидите што не функционира и што е добро во вашата работна околина.

На 28 јуни, младата Месечина во Лав ви дава шанса да адресирате некои важни прашања кои можеби сте ги пропуштиле во професионалните договори. Можеби ќе потпишувате и нови договори и ќе се поврзувате со луѓе со кои не сте работеле досега. Ова е и ден кога ве очекуваат важни вести на ова поле. 

Љубов

За оние кои се во врска, овој месец е како мед и млеко. Ќе уживате во љубовта  и ќе се препуштате на романсата. Слободните Шкорпии ќе бидат отворени кон нови можности, но можно е враќање на една личност од минатото која ќе се врати во вашиот живот со конкретен предлог. 

На 5 јули со влегувањето на Марс во Бик добивате поддршка од ѕвездите. Овој транзит ќе ви помогне да ги видите работите од перспектива на другата страна и да ги препознаете и своите лоши страни. 

На 13 јули со полната Месечина во Јарец, голема е можноста некому да откриете како се чувствувате. Понекогаш треба да бидеме прво искрени кон себеси, а потоа и кон другите луѓе и да не се плашиме од она што ќе го кажеме, но и слушнеме.

Како што месецот се приближува кон крајот, романсата ќе биде поинтензивна, па тоа е одличен миг да се поврзете на подлабоко ниво со друга личност, без оглед на вашиот љубовен статус. Но, не ставајте превисоки очекувања и притисок на врските, туку дозволете си да бидете спонтани. На 19 јули добивате можност да се ослободите од некоја лоша ситуација или драма од минатото и да ја надминете својата несигурност. 

На 17 јули, Венера влегува во Рак и ви носи поинаков пристап кон љубовта. Вие сте знак на трансформацијата, па сосема е во ред да почнете да размислувате поинаку. 

Подгответе се за бура на 31 јули што може да донесе притисок на вашите љубовни односи. Останете верни на себеси, но излезете од својата сигурна зона и отворете го срцето кон нови можности. 

Здравје

Можна е ненаспаност и главоболки.