Месечен хороскоп за јули 2022: Јарец

Ова е месец кој ви носи бура од емоции. 

Работа

Некој ви носи професионална услуга која сепак има своја цена и ве обврзува на многу работи. Размислете добро дали треба да прифатите таква понуда која бара многу од вас.  Ова е поволен период кој ви носи понуда за нова работа во медиумите, издавачка куќа или во рамки на уметноста, каде ќе можете да го покажете својот креативен талент.  Марс влегува во Јарец на 5 јули и ви носи будење на вашата креативност. Инспирацијата ќе биде насекаде околу вас, а до крајот на месецот ќе се уверите колку далеку сте стигнале. 

Полната Месечина во вашиот знак настапува на 13 јули, а за вас таа носи огромна трансформација. Ќе имате потреба да се поврзете со другите на интелектуално ниво и да остварите значајни соработки. Но, внимавајте и чувајте се од негативни влијанија од некои луѓе кои размислуваат и постапуваат поинаку од вас. 

Меркур влегува во Лав на 19 јули и ви носи силен фокус на работата. Ова е одличен период да станете свесни за својата вредност, да ја изградите својата самодоверба и да си дадете награда за сиот вложен труд. 

Младата Месечина на крајот на месецот ќе има влијание на вашите финансии, па голема е веројатноста да си поставите финансиски цели кои се сериозни и конкретни. 

Љубов

Некои Јарци се долго време сами и размислуваат за своите постапки. Тешко ја признавате вината, но и тешко се менувате. Можно е да се чувствувате осамени и нервозни и да анализирате премногу. Оние кои се во врска треба да го искористат овој месец да ги решат сите потешкотии од претходно и да донесат одлуки за својата иднина. 

Но, на 5 јули ќе имате огромна потреба за секс и романса што ќе ви донесе и многу можности да го направите тоа, но најдете ја вистинската личност со која ќе се поврзете. 

На 13 јули со полната Месечина во вашиот знак ќе завршите еден важен циклус и ќе имате можност да почнете ново поглавје во љубовта. Ова е одличен ден за прв љубовен состанок, запросување или свадба. Важно е само да бидете искрени кон себеси и другите, а ѕвездите ќе ја завршат својата работа. 

На 17 јули со влегувањето на Венера во Рак ви пристигнуваат многу љубовни можности. Отворете се кон светот и не им велете не на новите можности. 

Младата Месечина во Рак ви носи можност да ја славите љубовта и ќе ви донесе ново поглавје со драга личност. На истиот ден Јупитер почнува да се движи ретроградно што ви носи значајна промена во вашиот љубовен живот. Овие транзити ќе имаат големо влијание на вашиот живот. 

Здравје

Здравјето е добро во текот на овој месец.

Промени