Месечен хороскоп за јули 2022: Близнаци

Летото највеќе им одговара на Близнаците, а овој месец ќе ви даде можност да откриете зошто е тоа така.

Работа 

Ова е месец во кој ве очекуваат многу нови ситуации и промени, дел од нив пријатни, но и непријатни. Пробајте да ја зачувате присебноста, да не влегувате во конфликти со луѓе кои не размислуваат исто како вас и да не навлегувате во нешто што не можете да го промените. Имајте на ум дека ова е само минлива фаза и веќе следниот месец, работите ќе бидат сосема поинакви. 

Но, искориститете ги првите денови од месецот за да се одморите, бидејќи остатокот од месецот ви носи повеќе активности. На 4 јули, Меркур влегува во Рак што ви носи можност да направите чекор наназад и да сфатите каде сакате да бидете. 

Способни сте да го задржите својот статус на работното место, но внимавајте на злите намери на некои поединци. За невработените Близнаци доаѓа можност да дојдат до посакуваната работа. Но, немојте да дозволите само платата да ви биде клучниот критериум за тоа. Бидете внимателни и убедливи во преговорите и изборете се за најдоброто за себе. 

Меркур влегува во Рак на 5 јули и ви носи зголемена заработувачка и одличен статус на вашата сметка. Искористете ја и моќната енергија на полната Месечина во Јарец на 13 јули, која доаѓа како одличен период да изградите планови и да се впуштите во нивна реализација без страв од неуспех. Ако имате дилеми, потпрете се на добра анализа на ресурсите и не заборавајте да бидете флексибилни. Со ретроградниот Јупитер на 28 јули, можно е да бидете збунети и да не знаете точно што сакате или кој чекор треба да е следен. Но, младата Месечина на 28 јули ви открива што е тоа што ве прави среќни на ова поле и ве учи како да останете отворени кон сите можности. 

Љубов

На 4 јули, кога вашата владејачка планета Меркур ќе влезе во Рак не треба да ги одбивате поканите за љубовен состанок. Искористете ги сите можности за излегување, бидејќи можете да запознаете многу интересни личности. Но, ако некој од вашите бивши пробува да се врати во вашиот живот, оставете го минатото онаму каде припаѓа и продолжете да гледате напред кон иднината. 

На 13 јули со полната Месечина во Јарец, време за интимни моменти и страст. 

Ако сте во потрага по љубов, најдобриот ден за тоа е 17 јули. Можно е да ја официјализирате врската или пак да отидете на љубовен состанок со личност со која брзо ќе започнете врска. На 28 јули со младата Месечина во Лав, ни доаѓа магичен момент да манифестираме романтична поврзаност со друга личност. Ако веќе сте во врска, ова е одличен ден да ја обновите љубовта и страста и да се потсетите зошто сте еден со друг. Тоа е како повторно откривање на она што ве прави среќни во љубовта.

Оние Близнаци кои се во врска ќе влезат во мирен период во текот на јули, па важно е само да се посветат на малите гестови кон саканата личност. Отворете го срцето и залагајте се за најдоброто. За слободните Близнаци, можно е длабоко поврзување со личност со која работат, но важно е да не се сомневате во својата интуиција и да не ја губите надежта.

Здравје 

Избегнувајте затворени простории.