Месечен хороскоп за февруари 2023: Вага

Хороскопот најавува месец на промени и голема трансформација.

Љубов

Слободните Ваги делуваат збунето овој месец, бидејќи се однесувате како лесно да би се откажале од една личност со која комуницирате, а и која многу ви значи. Вие имате неверојатна способност за добра комуникација која за жал во последно време не доаѓа до израз. Некогаш сте сомничави, некогаш сте нерасположени, па тоа делува збунувачки за оние кои се трудат да ви се приближат.  

Ова е месец кој носи многу љубовни можности, а првата од нив доаѓа со полната Месечина во Лав на 5 февруари. Иако таа ќе помине низ вашата единаесетта куќа на пријателства, повикувајќи ве да поминете повеќе време со вашите пријатели, сепак ова е и одличен транзит за нова љубов, но и продлабочување на поврзаноста ако сте во врска. 

Околу 11 февруари со влегувањето на Меркур во Водолија, големи се шансите да имате нов љубовен интерес. Вие сте како голем романтичар, па така ова чувство ќе ве обземе и ќе биде единственото нешто на што ќе мислите овој период.

По 14 февруари со помош на Венера ќе забележите дека ви е лесно да комуницирате и да се поврзете со другите. Ова е особено сладок и романтичен период за слободните Ваги кои се во потрага по нов партнер. На 19 февруари, Венера влегува во Овен во вашата седма куќа на партнерства, а ова е одличен љубовен транзит за вас. Споделете ги своите емоции и бидете искрени како се чувствувате, без оглед на тоа дали сте во врска или не. 

На 20 февруари, романтичната Венера ќе премине во нејзината омилена куќа, седмата куќа на партнерства и ќе ве охрабри да ги ставите љубовта и хармонијата на прво место. Ова е одличен момент да се поврзете подлабоко со некоја личност со која комуницирате некое време, или пак да ја подобрите врската ако не сте слободни. Подгответе се да се поврзете со своите сакани со убава енергија и расположение. Уживајте во овој период, тој ви носи љубовна магија, благодарение на Венера. 

Работа

Овој месец ви носи силен наплив на креативна енергија. 

Се обидувате да се однесувате како сè да се во ред, но вие се наоѓате на одредена раскрсница на ова поле, а се трудите да изгледате како личност која совршено добро владее со ситуацијата. 

Можно е да добиете понуда за нова работа која има потенцијал да ви го смени животот и да ви донесе целосна трансформација, како на личен, така и на семеен план. Важно е да бидете особено внимателни во разговорите со еден Овен и Лав, бидејќи тие не можат да си помогнат себеси, а камоли вам. Највеќе можете да им верувате на Биковите, Јарците и Шкорпиите кои точно знаат колку вредите и каква помош ви е потребна. 

На крајот на јануари, Уран почна да се движи директно поттикнувајќи ве да го најдете балансот меѓу работата и вашиот личен живот. Големи се шансите сè уште да се чувствувате изморено и преработено, но верувајте не сте сами. Само, важно е да не заборавате да направите пауза кога чувствувате дека тоа ви е потребно, особено овој месец. 

Првите неколку недели би можеле да бидат тензични за вас. Вашата владетелка Венера прави тензичен аспект со Марс на 4 февруари, а со ваквата енергија ќе имате можност да развиете нови начини на изразување и да се ослободите од оние начини на функционирање кои не ви служат веќе. Дури и да не се сметате себеси за уметник, ова е период кој ќе го извади најкреативното од вас. Ќе се изненадите од себеси.

Околу Денот на вљубените, Венера ќе танцува со сонливиот Нептун во вашата шеста куќа на работа, стимулирајќи ја вашата имагинација. Со ваквата енергија, ќе успеете да ги реализирате своите идеи и да внесете нови нешта во начинот на кој работите. 

Сатурн ќе се движи низ вашата петта куќа на креативност и ќе бара да се ослободите од стравовите кои ве спречуваат да успеете. Ако се чувствувате несигурно или непочитувано, Сатурн е тука да ве убеди дека за некои работи не сте го право. Ќе го откриете и искористите својот потенцијал.

Здравје

Можни се главоболки и болки во коските.