Месечен хороскоп за февруари 2023: Рак

Ова е месец на трансформација за вас, драги Ракови.

Љубов

Февруари е одличен месец за љубов, без оглед на вашиот статус и замисли. Имате силна наклонетост од Водолиите, Јарците, Шкорпиите и Рибите, ако сте слободни. Дополнително, ако во текот на јануари сте прекинале одредена врска  во афект, ова е месец во кој ќе можете да и се вратите на личноста која ви недостига. 

Сатурн сака ја тестира вашата контрола овој месец, а ова е одличен период да го поставите големото прашање -  кои сте вие, особено на ова поле. Тој има за цел да ве судри со реалноста и да ве поттикне да направите големи промени за да ве однесе кон среќата која ви е потребна. За некои чувствителни Ракови, ова може да е навистина тежок процес, но не се плашете од промените.

Во меѓувреме, Венера е во вашата деветта куќа на филозофија. Среќни сте, но сакате нешто ново, а Венера ви носи поттик да ги проширите хоризонтите без оглед на тоа дали сте во врска или не. Што е она што го посакувате за себе? Дали го имате најдоброто?

На 11 февруари, со влегувањето на Меркур во Водолија вашиот фокус ќе биде само на задоволството и ништо друго. Без оглед на вашиот љубовен статус, овој транзит ви носи искреност и отвореност кон задоволство. Не се плашете од страста и ранливоста, тие се добредојдени за време на овој транзит. 

На 19 февруари, Сонцето ќе премине во Риби, а младата Месечина во овој период ви носи нови почетоци, особено за слободните Ракови. Кога Сонцето е во Риби, нашата енергија е смирена и нежна. Но, за некои Ракови, овој транзит ќе донесе потреба да се оддалечат од другите, што само ќе треба отворено да го искомуницирате ако сте во врска, за да не дојде до недоразбирања. 

Работа

Ниту еден астролог не може да ви вети пари, но планетите најавуваат изобилство овој месец. 

Се чувствувате како сè уште да не можете да дојдете на себе по она што ви се случуваше на ова поле во изминатиот период. Можно е за вас да се отвора нова врака на која не сте ни сметале досега. Не се грижите, ситуацијата се подобрува, а вашето добро расположение се враќа полека. 

Ве очекуваат пријатни изненадувања од еден Рак, Бик, Јарец или Шкорпија. Овој период носи и одлична можност за усовршување во странство, како и соработка со странски соработници. Особено поволен период за тоа е втората половина во месецот.

Со полната Месечина на 5 февруари ќе имате можност да финиширате проект или пак да дојдете до одлична заработка, која можеби сте ја очекувале или не. Како и да е, овој датум ви носи одлично чувство на исполнетост и радост. 

На 19 февруари, Венера влегува во Овен во вашата зона на вредности и ви носи финансиско подобрување. 

Здравје

Променете ги навиките во однос на исхраната. Стресот е изразен, па добро би било да најдете начин да се справите со него. Се препорачува добар сон и физичка активност.