Месечен хороскоп за февруари 2023: Овен

Февруари најавува големи промени во вашиот љубовен живот. 

Љубов

Љубовта е во воздухот, а според вашиот хороскоп за 2023 година, ова е еден од најинтензивните и интимни месеци за вас. Подгответе се за период исполнет со љубовна магија.

Ќе бидете сигурни во себе, друштвени, но и подготвени за нова врска. Ако сте слободни, бидете отворени за љубов, но не и наивни особено кон лица родени во Овен, Лав или Јарец. Вашиот шарм ќе дојде до полн израз и ќе бидете харизматични и неодоливи за другите, но можно е да бидете и склони кон тајни и мистериозни љубови. 

На 4 февруари, шармантната Венера прави тензија со Марс познат како планета на агресијата. Ако сте во врска која е изградена на заедничко разбирање, можно е да се интензивира и зголеми страста. Но, ако врската е комплицирана, можете да очекувате негативни мисли што ќе ви ја замаглат објективноста и ќе создадат тензии. Потрудете се да се смирите и да не делувате импулсивно. Искористете ја таквата страст за добро. 

Првата важна дата доаѓа на 5 февруари со полната Месечина во Лав во вашиот сектор на задоволството. Ако сте во врска, овој транзит ви носи зближување со саканата личност, многу љубов, бакнежи и страст. 

На 7 февруари, астероидот на духовноста Веста влегува во вашиот знак и ви носи духовни промени на ова поле, кои сигурно ќе ги почувствувате и ќе се прашате што се случува. Кога планетата на комуникацијата Меркур ќе влезе во независната Водолија што ќе ве поттикне да ги идентификувате своите потреби и да ги споделите со друга личност, без оглед на тоа дали сте во врска или не. 

Со Венера во Плутон околу Денот на вљубените, можете да очекувате вашите чувства да се интензивираат. Ако веќе сте во врска, Плутон ви носи можност да ја подобрите врската и да го продлбочите односот преку љубов и разбирање, но и страст. 

За слободните Овни, подгответе се да се заљубите силно и да не можете да престанете на таа личност. Некои астролози можеби би рекле и дека поради својата природа лесно би можеле да се опседнете со таа личност, но сега само фокусирајте се на тоа да ги освоите нежно и чекор по чекор. Не е време за авантури и за нешто површно.

Слободните претставници на овој знак ќе имаат и поголема самодоверба што ќе им помогне и повеќе да се забавуваат овој месец. Венера и Марс и вам би можеле да ви донесат мали предизвици, но искористете ја таквата енергија за да го подобрите својот љубовен живот. 

На 20 февруари, Венера го зазема главното место во вашата прва куќа на идентитетот, правејќи ве шармантни и помагајќи ви да привлечете пријатни луѓе околу себе. 

Не се сомневајте воопшто дека љубовта е главна тема за вас овој месец, но клучно е како ќе ја искористите енергијата која доаѓа. 

Работа

Имате чувство дека работите се менуваат на подобро, па сега брзате да го постигнете она што сте го зацртале. Но, брзањето и импулсивните одлуки никогаш не биле поволни за вас, а особено нема да бидат поволни во првите 2 недели од месецот. Почекајте го вистинскиот момент и повлечете ги важните потези во третата недела од месецот. 

Овој период на вас може одлично да се одрази особено кога станува збор за работата со странство. Ќе ви се укаже можност да стекнете приходи преку личност која се занимава со голем бизнис, а која одамна се обидува да започне соработка со вас. Оние Овни кои работат во големи компании, кои се занимаваат со недвижности и имаат приватен бизнис, треба да очекуваат поволна можност поврзана со зголемување на приходите. 

Но, бидете внимателни кога работите со неодлучни личности, а потрудете се да не влегувате во конфликти со личности родени во знакот Јарец или Шкорпија. 

Во првата недела од февруари треба да внимавате и на односите со колегите, бидејќи дел од нив ќе бидат наелектризирани, па комуникацијата нема да ви оди најлесно. 

На 19 февруари, младата Месечина во Риби е идеално време да поставите цели и да се посветите на балансот меѓу кариерата и вашиот личен живот. Потрудете се да изградите и навики кои ја одржуваат вашата благосостојба, ви помагаат да се ослободите од стресот, но и да останете организирани. 

Здравје

Можни се повремени проблеми со спиењето, но и со исхраната. Метеопатите би можеле да имаат изразени тегоби, особено главоболки.