Месечен хороскоп за февруари 2023: Близнаци

Хороскопот најаува одличен месец на полето на љубовта и кариерата.

Љубов

Подгответе се за многу контакти овој месец, нови луѓе, но и продлабочување на вашите љубовни врски.

Ова е одличен период за љубов. Вие сте прилагодливи и лесни за комуникација, а другите го забележуваат тоа и уживаат во вашето друштво, без оглед на вашиот статус. 

Слободните Близнаци би можеле да посакаат тајна авантура со Јарец или Шкорпија, а комуникацијата со една Девица би можела да ви донесе стрес, но и силна романса. 

На 5 февруари, полната Месечина во Лав ви помага да ја однесете својата врска на едно повисоко ниво. Некои претставници на овој знак би можеле да добијат понуда за брак или пак да се решат за заеднички живот. Слободните Близнаци кои имале контакт со личност или нејасна ситуација, ќе се решат да влезат во врска и да ја пробаат својата среќа. 

Првата недела од февруари дефинитивно ви носи романса, но една сосема нова личност доаѓа во вашиот живот околу 11 февруари кога комуникативниот Меркур влегува во Водолија. Овој транзит ви носи и посериозни разговори за вашата врска, разговори за брак, почнување на врска и генерално позитивни теми. 

Со почетокот на сезоната на Рибите на 19 февруари ќе си дадете шанса да сонувате за иднината. Иако минатиот месец ви ја носеше темата за унапредување на работното место, овој месец е посветен на љубовта. За некои Близнаци, сезоната на Рибите носи можност да ја најдат својата вредност  и зад себе да остават врска која не им носи ништо добро.  

Работа

Имате право на големи цели и соништа, бидејќи хороскопот најавува продуктивен месец за вас. Ова е време да го манифестирате она што го посакувате, а моќта лежи во вас.

Вам ви годи периодот на Водолиите бидејќи ова е одличен момент да ги решите сите проблеми. Но, можно е луѓето да ви доаѓаат со големи барања, за кои ќе треба да најдете начин да ги балансирате и да научите да кажете НЕ. Пријателите ќе ви бидат голема поддршка во текот на месецот, особено еден Бик, Водолија и Шкорпија. 

Големи се шансите да не бидете премногу задоволни со својот напредок овој месец, но имајте на ум дека ова е само ваша лична перцепција, не и утврдена вистина. Вториот дел од февруари е подобар на полето на финансиите, а и полесно ќе комуницирате со своите соработници. Насочете се кон она што ви е најважно. 

Планетата на акцијата, Марс се движи низ вашата прва куќа на идентиет, барајќи од вас да преземете контрола над важните аспекти на ова поле. Со ваквата енергија, ќе бидете директни и ќе можете лесно да тргнете од мртва точка. На почетокот на месецот, Венера креира тензичен аспект со Марс што може да ве направи лути на некоја друга личност, но ако тоа е некој ваш надреден, бидете внимателни.

Вашата владејачка планета Меркур е во вашата деветта куќа на филозофија  и високо образование на 11 февруари насочувајќи ве кон големата слика. Подготвени сте да делувате со отворен ум, да поставувате тешки прашања и да стекнете нова перспектива. 

На 15 февруари, Венера ви носи силна имагинација. Ќе бидете инспирирани од луѓето околу вас, а големи се шансите да започнете креативен проект. Планетата на експанзијата,

Јупутер прави конјункција со Меркур на 17 февруари зголемувајќи ја вшаата љубопитност и носејќи ви одлични вештини за донесување одлуки. Отпимизмот на Јупитер ќе биде одличен за вас бидејќи ќе успеете да верувате во себе и своите цели. Можеби ова е и одличен период да започнете преговори за подобра плата или позиција, или пак да побарате нова работа, ако е тоа нешто што сакате. До крајот на месеџот, Меркур ви носи можност да ги исполните целите и да дојдете до она што ви е важно.

Здравје

Здравствената ситуација се подобрува. Имате вишок енергија, искористете го добро.