Месечен хороскоп за февруари 2023: Бик

Време е за стабилизација.

Љубов

Како и да ви оди на полето на љубовта овој месец, држете ги своите пријатели блиску бидејќи ќе ви бидат потребни. 

Подгответе се за месец исполнет со нови луѓе и интересни познанства. Венера (вашата владејачка планета) го почнува месецот во вашата единаесетта куќа на пријателства, што ќе ве поврзе со вашите пријатели и ќе ви донеесе добра забава. Ќе ви биде лесно да се поврзете, да зборувате на убави теми, но и да се отворите. Но, овој месец носи и одредена сериозност во вашиот пристап бидејќи ќе бидете подготвени да го дадете својот максимум. 

Освен тоа, на 5 февруари, полната Месечина во Лав е во вашата четврта куќа на домот и семејството и ви помага да ги споделите тешките емоции со своите блиски. Не се плашете од тоа да споделите како се чувствувате, како и тежината која долго време ја носите со себе. 

На 8 февруари, Уран ви испраќа енергија со која ќе бидете привлечени кон нови луѓе и авантури. Во овој период, може да дојде до страствен флерт со интересна, уникатна личност. Уживајте во овој период.

На 11 февруари, Меркур влегува во Водолија што ви ја зголемува потребата да минувате време со своето друштво, да запознавате нови луѓе и да водите интелектуални разговори. 

На 20 февруари, Венера влегува во вашата дванаесетта куќа на потсвеста. Во овоја време, фокусот ќе ви биде кон себе и ќе успеете да ја зголемите својата способност да ги слушнете и разберете другите. Ќе посакате на другите да им дадете повеќе одошто добивате од нив. Ова е и време кога ќе посакате повеќе време поминато дома со саканата личност, отколку на луди забави и во гужви. 

Работа

Вие го преживеавте тешкиот јануари, но февруари носи нови обврски на ова поле. Овој месец ви носи можност да ја најдете стабилноста во кариерта и покрај сите обврски кои се тука за вас. Ова е месец кој ви носи и малку затегнати односи со надредените, но иако ситуацијата не е така лоша, можете да очекувате осцилации на ова поле во текот на целиот февруари. Биковите родени на крајот на април би можеле да постигнат голем успех поврзан со  нова активност, ако ги здружат своите сили со Јарец или Шкорпија. 

За повеќето Бикови потребна е некаква промена, но со оглед на вашето бавно делување, сè уште не знаете што е тоа. Кај голем дел од претставниците на овој знак, доаѓаат добри финансиски средства, особено ако се занимавате со приватен бизнис. Финансиите ќе бидат одлични, но ве очекуваат и непредвидени трошоци. Бидете внимателни. Но, бидете внимателни на 3 февруари кога Сонцето во Водолија прави квадрат со Уран и може да ви донесе зголемена фрустрација, но и потреба да го истурите својот бес на друга личност, без оглед на тоа дали постои потреба за тоа или не. Во ред е да бидете лути и да комуницирате ако нешто не ви одговара, но внимавајте само дали постои причина за тоа, како и начинот на кој споделувате. 

Вашата зголемена желба за дружење ќе се активира и на работното место особено кога Сонцето ќе престојува во вашата десетта куќа на репутација, носејќи ви желба да правите нешто за што другите ќе ви се восхитуваат. Немојте да се криете и дозволете си да бидете во центарот на вниманието, дури и ако не е така вообичаено. 

Сатурн ви носи силно чувство на одговорност на 16 февруари. Посветете се на обврските и сфатете ги сериозно барањата од вашите надредени.

Здравје

Потребни ви се промени во начинот на исхрана. Освен тоа, обрнете внимание на спиењето и најдете начин да се релаксирате.