Декември го насочува вашето внимание кон она што е навистина важно.
Работа
Чувствувате наплив на креативна енергија и потреба во потполност да ги остварите своите цели. Ситуацијата на работа ја проценувате според својата визија, но треба да имате на ум дека другите можеби поинаку размислуваат. Потрудете се да бидете пообјективни или пак барем отворено да разговарате со другите. Вториот дел од месецот ви носи можност за проширување на соработката со странство. Важно е да го зачувате својот оптимистички пристап.
Вашата владејачка планета Нептун го завршува своето ретроградно патување на 7 декември. Тоа значи дека овој период ви носи јаснотија, подиректна комуникација и поголема можност да се биде искрен и отворен, како од ваша страна, така и од колегите. Полната Месечина на 15 декември е важен транзит кој ви помага да направите мала пауза и да се потсетите на она што вистински ви е важно во вашиот живот. Ако сте работеле напорно во изминатиот период, ова е транзит кој може да ве поттикне да намалите со работа, особено ако забележувате дека вашиот труд не е премногу ценет.
Љубов
Љубовниот живот е солиден, но вие како да немате доволно време за саканата личност. Тоа може да донесе незадоволство во врската. Склони сте кон чести промени на расположението, што дополнително ја отежнува вашата проценка. Анализирате многу, но не доаѓате до никакво решение. Дишете длабоко, оставете времето да ви донесе некои одговори.
Слободните Риби ги очекува убав месец. Подгответе се за голема љубов.
Хирон кој е познат како исцелител во хороскопот, почнува да се движи директно на 29 декември, а тоа за вас значи можност да ја зголемите довербата со саканите, но и да и верувате на интуицијата ако штотуку сте почнале да се гледате со некоја нова личност. Ако сте слободни и заинтересирани за нешто ново, младата Месечина ви носи можност за тоа, пред крајот на годината.
Здравје
Не ги преценувајте своите можности. Потрудете се да се опуштите и да размислувате позитивно.