Месечен хороскоп за декември 2022: Водолија

Декември ве повикува  да направите пауза и добро да се одморите.

Работа

Ова е важен период за вас, бидејќи ќе добиете можност да ја покажете својата посветеност и напорна работа. Тоа ќе ви помогне подобро да се изборите за позицијата која сметате дека ја заслужувате. Дел од месецот ви носи превирања на работното место, но не навлегувајте во чувства и лоши комбинации, туку фокусирајте се на она што ви е важно. Ако во наредниот период се поставите онака како што треба, ве очекува голем напредок. 

Важно е само да бидете внимателни во односите со партнерите и клиентите. Бидете љубезни и кога не ви е до тоа, бидејќи во тоа лежи клучот за успехот овој месец. Ќе успеете да остварите добра соработка со оние кои се занимаваат со убавина, како што се козметичарите и фризерите, а и голем успех ве очекува ако работите во некоја од овие области. 

Ако во текот на ноември сметавте на поддршката од вашите блиски за некои потези, сега во голема мера ќе треба да ги туркате работите сами. 

На 6 декември, Венера прави опозиција со Марс и ве насочува кон внатрешна анализа. Кои се вашите потреби? Каде е балансот меѓу работата и личниот живот и колку ви е потребен сега на крајот на годината? Ова се прашања кои можеби ќе ве поттикнат малку да успорите или пак да земете заслужен одмор и да се позанимавате со себеси. 

Полната Месечина во Близнаци на 7 декември ви носи исполнување на желбите. Ова е моќен транзит кој ве поттикнува да замислите желба и да ја споделите со универзумот. 

Ова е и месец во кој ќе посакате да направите некакво позитивно влијание во вашата заедница, но ѕвездите ве повикуваат да направите одмор во вашиот обид да го спасите светот и да одморите. Оставете ги големите потфати за следната година.

На 1 декември можно е да чувствувате мала нервоза поради недостатокот на време кое го имате за своите проекти кои ви се важни, но потрудете се да приоритизирате соодветно.

За среќа, на 7 декември со полната Месечина во Близнаци ќе имате моќна креативна енергија и ќе успевате да најдете инспирација насекаде од вас, само е важно соодветно да ја канализирате онаму каде треба. 

Планетата на среќата Јупитер влегува во вашата трета куќа на комуникација на 20 декември и ве прави попосветени на тимската работа и комуникацијата со соработниците. Пред да реализирате некоја идеа, ќе ви биде јасно колку е важна поддршката од другите и ова е период кога ќе бидете фокусирани на проширување на своите мрежи и контакти. 

Почетокот на сезоната на Јарците на 21 декември уште еднаш ве повикува да одморите,но и да рефлектирате колку многу имате постигнато оваа година. Два дена подоцна, младата Месечина во Јарец ви помага да го манифестирате она што го имате замислено и да станете свесни за својата моќ.

Но, грешките се неизбежни, а шансите да дојде до нив се поголеми со почетокот на ретроградниот Меркур на 29 декември. Ова е празничен период и наместо да навлегувате во докажувања и конфликти, посветете се на магијата на празниците и замислете желба за 2023.

Љубов

На полето на љубовта, можни се мали проблеми, особено за оние Водолии кои се во врска. Доаѓа период на преиспитување за многу Водолии. 

Меѓу вас владее некаква тивка нетрпеливост, за која ќе треба да најдете време да позборувате. Време е да се соочите со вистината и она што го чувствувате. Ако не сте среќни и задоволни во вашата врска, можеби е добро да размислите за раскинување. 

Слободните Водолии се соочуваат со страв од промени. Ако сте сами и одамна не сте биле заљубени, сега е вистинскиот период за тоа. Можно е ново познанство, кое може да ви донесе фатална привлечност, но вашиот страв од врска и натаму постои. 

Ќе чувствувате силна сензуалност на 9 декември кога Венера влегува во Јарец. Без оглед на вашиот статус, уживањето ќе ви биде на прво место. 

Со почетокот на сезоната на Јарците на 21 декември ќе бидете поттикнати да ја слушате интуицијата. Водете се од срцето, бидејќи тоа ќе ви ги донесе вистинските одговори за време на владеењето на Јарците. 

Младата Месечина на 23 декември ви носи нови почетоци, па можеби е конечно време да ги покажете своите чувства ако сте сами, или очекувања за иднината ако сте во врска. Искрените разговори се добредојдени во овој период. 

Декември завршува со ретроградниот Меркур кој ни доаѓа на 29 декември и нè повикува да бидеме внимателни во комуникацијата со оние кои ни значат. Секој кажан збор може да биде погрешно сфатен, па затоа не ги сфаќајте работите премногу сериозно за време на овој транзит. 

Здравје

Внимавајте на кичмата и грбот.