Месечен хороскоп за декември 2022: Риби

Декември е магичен месец за вас. Дали сте подготвени?

Работа

Ова е месец кој може да ви донесе грижи на полето на финансиите и работата. Можно е работите да не одат онака како што вие сте ги замислиле и тоа да ве направи збунети и нервозни. 

Самиот почеток на месецот ќе биде прилично динамичен и би можел да ви донесе неочекувана добивка на полето на услугите или пак  нешто што порано сте го започнале, а не сте го очекувале. Треба да обрнете внимание во однос на луѓето со авторитет и оние кои се на повисока позиција, бидејќи ќе бидете следени од нивна страна и не би било добро да дојде до несогласувања. 

На 3 декември, вашата планета Нептун почнува да се движи директно во вашиот знак и ви носи потенцијал да се навратите на научените лекции. Да се запрашате каде сте, колку далеку сте стигнале и каде сакате да бидете следната година. Ова ќе ви помогне во дефинирање на целите и ќе ви даде можност да испланирате.

На 6 декември, Меркур влегува во амбициозниот Јарец во вашата десетта куќа на социјален статус и ви носи можност да поработите на својот социјален имиџ, но и контактите со другите. Ден потоа, ја имаме полната Месечина во Близнаци која може да донесе драма. Но, имајте го на ум тоа и не потпаѓајте на нејзиното влијание.

На 9 декември, Венера влегува во Јарец и ви носи можност да ги изразите своите потреби на работното место. Ако следната година сакате унапредување или поголема плата, ова е вистинскиот момент да го поразговарате тоа со вашиот шеф. 

На 21 декември ни доаѓа сезоната на Јарците која за вас најавува позитивни промени во кариерата. Подгответе се за добри вести! Заокружете го 23 декември во својот календар – ден кога ја имаме младата Месечина која ќе ви донесе важен миг за славење на нешто големо. 

Ако сте во преговори за некој нов проект, важно ќе биде уште малку да почекате и да ги соберете сите информации пред да почнете. Ова е месец во кој ќе имате повеќе волја и мотивација за состаноци,а  вашата плата и успех ќе зависат од успехот на вашата соработка со професионалните партнери и можноста да привлечете нови клиенти. 

Бидете внимателни во последниот дел од месецот бидејќи би можело да дојде до застој поради влијанието на ретроградниот Меркур кој започнува на 29 декември. Во овој период, фокусирајте се на рутинските активности и избегнувајте конфликти. 

Љубов

Ова е динамичен месец за Рибите.

Ако сте во врска, ќе покажувате повеќе иницијатива во односот со саканата личност, како и излегувањето  и работата на заедничките цели. Најважно е да разговарате за важните прашања и да постигнувате заеднички договор за заедничките теми.

Не дозволувајте да бегате во својот свет и да ги чувате своите чувства за себе. Не правете ништо зад грб на саканата личност, бидејќи тоа може да биде лесно откриено и да ви донесе проблеми.

Слободните Риби ќе имаат исполнет месец исполнет со авантури кои се од минлив тип. Ако посакувате сериозна врска, нема да ви биде лесно за тоа бидејќи ќе наидувате на личности кои се спонтани и авантуристички настроени и тешко би можеле да влезат во врска. Но, ако навистина го сакате тоа, важно е и самите вие да делувате сериозно. 

На 1 декември, Венера прави опозиција со Марс и ви носи важно откритие на ова поле. Можно е на површина да излезе некоја тајна во врска или нешто поврзано со семејството. Тоа може да е емотивен и ранлив момент за вас, но што и да се случи, имајте на ум дека подобро е да ја знаете вистината, отколку да живеете во лага.

Со полната Месечина на 7 декември, ќе бидете подготвени да се фокусирате на вашиот емотивен живот и да ја заштитите својата гордост. 

Со влегувањето на Јупитер во Риби на 20 декември добивате силен наплив на позитивна енергија и расположение, што ќе ве направи неодоливи за сите околу вас. Сезоната на Јарците на 21 декември најавува зголемување на вашата популарност и многу кандидати кои ќе се трудат да ви го украдат вниманието. Затоа, избирајте паметно.

Крајот на годината ни го носи ретроградниот Меркур кој е непопуларен меѓу нас заради хаосот кој го креира во нашите односи. Но, не подлегнувајте на неговото влијание, туку уживајте во магијата која е ваша на крајот на оваа година. Ова е супер љубовен месец за вас.  

Здравје  

Направете превентивен здравствен преглед.