Месечен хороскоп за декември 2021: Водолија

Овој месец го стоплува вашиот љубовен живот, а ѕвездите ви носат одлични професионални вести.

Декември ви носи и промени во вашиот социјален круг. Соларната еклипса на 4 декември се случува во вашата единаесетта куќа на заедништво и ви помага да дојдете до подобро разбирање за тоа какво влијание имате на другите и како другите влијаат на вас. 

Љубов

Ова е месец во кој е важно да заборавите на тоа кој е во право и да престанете да се докажувате. Не ги наметнувајте своите ставови и не барајте од блиските нешто што не може да ви биде овозможено. Почитта и љубовта доаѓаат природно и не можат да бидат наметнати или пак изградени преку перспективата која вие ја замислувате. 

Водолиите кои се во потрага по љубов на почетокот на месецот ќе сретнат личност која е полна со оптимизам, комуникативна и интелигентна, а тоа ќе направи да посакаат да поминуваат повеќе време со неа. Бидете внимателни на почетокот за да не ја идеализирате прекумерно, но сепак дајте му шанса на овој љубовен однос. 

На 1 декември, Нептун почнува да се движи директно и ви носи идентификување на врските кои ви носат долгорочен потенцијал. Заборавете на потребата да ги менувате другите и посветете се на директен пристап кон оние кои ви се допаѓаат, без илузии. 

Младата Месечина е хаотична и ви носи ненадејна промена, но тоа не мора да значи ништо лошо. Овие транзити се и период на нови почетоци, па затоа отворете го умот и срцето кон нови нешта. За многу Водолии, оваа еклипса на 4 декември ќе донесе романтични вести.

На 13 декември, Марс влегува во Стрелец во вашата единаесетта куќа и ве инспирира да минувате повеќе време со другите луѓе. Лесно ќе разговарате и така можно е да привлечете личност на која ќе и се допадне вашата харизма и можност да разговарате на заеднички теми. 

На 18 декември, полната Месечина го осветлува небото во Близнаци во вашата петта куќа па ви носи можност да ги изразите своите чувства, а ова особено ќе биде случај за оние Близнаци кои имаа проблем да се искажат искрено и отворено во изминатиот период. Ова е и период на одличен љубовен баланс. 

На 19 декември, Венера почнува да се движи ретроградно што носи фрустрации во љубовта. Но, немојте да бидете обесхрабрени туку само вдишете длабоко и поминете го овој период без нагли одлуки, без оглед на тоа дали сте сами или во врска. Ако ви е потребно да бидете сами, направете го тоа и простете си себеси за сите грешки од изминатите месеци.

На 24 декември кога Сатурн прави квадрат со Уран можно е да се посветите на промените и да најдете начин да го смените она што не ви носи ништо добро на ова поле. Време е да испробате нешто ново и да престанете да се плашите од промените. 

Работа

На 1 декември, Сонцето прави секстил со Јупитер и ви овозможува да се истакнете во извршувањето на вашите работни задачи на начин кој ќе биде забележан од другите. Ова може да ви донесе напредок во кариерата. Но, бидете внимателни околу 4 декември кога целосното помрачување на Сонцето ќе донесе сериозни проблеми во тимската работа, прекин на некоја важна соработка и генерални тешкотии во комуникацијата. 

На 13 декември, Марс влегува во авантуристичкиот Стрелец и го насочува вашиот фокус кон јавниот имиџ. Заокружете ја оваа дата во вашиот календар бидејќи можно е да дојде изненадна ситуација во која ќе биде прославен вашиот труд и напорна работа. На истиот ден, планетата на комуникацијата Меркур влегува во Јарец и ви помага да поставите цели, но и со самодоверба да му пристапите на успехот на работното место.

За време на полната Месечина на 18 декември се буди вашата хуманитарна страна, па можно е да се вклучите во добротворен проект на работа или по работното време или пак да решите да помогнете на некој близок колега. 

Сезоната на Јарците доаѓа на 22 декември и ви носи амбициозни цели кои дополнително ќе ве поттикнат да работите посветено кон она што го посакувате. Па така, на 24 декември ексцентричниот Уран во Бик ви носи добри вести на ова поле. 

Јупитер влегува во Риби на 28 декември, а ова е ден за среќа и позитивни желби. Тоа е и ден кога доаѓаат финансии и изобилство во вашиот живот, а посакајте си го себеси најдоброто за следната година. 

Здравје

На почетокот на месецот, ќе се соочите со проблеми со грлото и дишните органи. Избегнувајте подолго излегување на ветровито и дождливо време и чувајте се од настинки. Би ви годело време поминато во топол дом или пак планинска клима.