Месечен хороскоп за декември 2021: Стрелец

Среќен декември, драги Стрелци. Ова е месец кој носи ново поглавје во вашите животи.

Продолжете со славењето бидејќи ова е ваша сезона која ви носи магија на сите полиња. Хороскопот е тука да ве носи низ еден од најважните месеци за вас, а тоа е благодарение на соларната еклипса на 4 декември која носи трансформативна енергија за Стрелците. 

Љубов

Не можете долго да го држите во себе она што ве вознемирува само за да не ја вознемирите саканата личност или пак да избегнете конфликти. Ова не е соодветниот начин да ги решавате работите овој месец и сега е време да го смените таквиот начин на однесување. 

Ако сте сами, можно е да сретнете личност од вашето минато која во вас ќе иницира некакво преиспитување и ќе ви помогне да дојдете до важни одговори и увиди за себеси и за своите токсични начини на однесување. Можеби ќе ви изгледа непријатно, но сето ова е за една нова верзија од вас која поинаку и пристапува на љубовта. 

За некои Стрелци, можно е откривање на вистината особено ако се гледаат со личност на далечина која можеби ќе им признае дека не е слободна. Тоа ќе ве разочара и можно е да го прекинете контактот целосно, но не за долго. 

На 1 декември, Нептун почнува да се движи директно во Риби што ви носи можност да почнете да градите здрави љубовни односи и да заборавите на луѓето од вашето минато. На 4 декември, можни се интензивни промени околу помрачувањето на Сонцето па заокружете го овој ден на вашиот календар.

Особено љубовно расположени ќе бидете на 18 декември за време на полната Месечина во Близнаци кога ќе посакате сето слободно време да го поминете со некој кој ви се допаѓа.  Оваа полна Месечина настапува во вашата седма куќа на партнерства и може да донесе значајна промена во вашите љубовни односи. 

Ден потоа, на 19 декември Венера почнува да се движи ретроградно во Јарец па затоа чувајте се од хаосот во комуникацијата. Не менувајте ништо драстично кај себеси и не барајте драстични промени од оние кои ви значат. 

Еден од најубавите денови овој месец е 28 декември кога Јупитер влегува во Риби и ви носи гарантирано задоволство. Отворете го умот, дајте им шанса на другите и замислете си љубовна желба. 

Работа

Можно е да ве контактираат професионални соработници кои ќе ви понудат нешто што не можете да го одбиете. Пробајте само малку да ја смените перспективата, да размислите што е она што е важно за вас и да ги придобиете соработниците на своја страна со цел да добиете поддршка за вашите големи замисли. Ова е одличен период за Стрелците кои имаат сопствен бизнис или пак кои работат со странство. 

На 1 декември Сонцето прави секстил со Сатурн и ви носи успех во преговорите околу новите проекти. Вашиот авторитет ќе дојде до израз и ќе успеете да ги зацврстите своите позиции. На 4 декември со соларната еклипса за некои Стрелци доаѓа значајно унапредување. Работите ќе се менуваат со огромна брзина што ќе ве изненади, но и ќе направи да ја почувствувате магијата на вашата сезона. 

На 13 декември кога Марс влегува во вашиот знак ќе се потсетите на важноста да бидете најголем пријател и поддржувач на себеси. Овој транзит ви носи храброст и можност да им го свртите грбот на оние кои не веруваат во вас. Ќе бидете компетитивни и подготвени да се докажете себеси пред другите. На истиот ден, Меркур влегува во одговорниот Јарец во вашата втора куќа што ви носи финансиска добивка. 

На 19 декември, Венера почнува да се движи ретроградно во вашиот финансиски сектор па можно е да се чувствувате несигурно во однос на вашите финансии. 

Вашата сезона завршува на 22 декември со почетокот на сезоната на Јарците, а тоа ви носи и поодговорно и попрактично однесување на ова поле. Време е за конкретни цели, но и за нивна практична реализација. Ова е и период кога ќе бидете посигурни во однос на парите и ќе имате поголемо разбирање за вашиот буџет. 

Здравје

Здравјето во текот на декември ќе ви биде променливо и чувствително. Можни се проблеми со циркулацијата и хормоните. Освен тоа, ќе бидете чувствителни на стресот, па затоа се препорачува физичка активност. Преземете превентивни мерки за да го подобрите своето здравје.