Месечен хороскоп за декември 2021: Шкорпија

Драги Шкорпии, декемврискиот хороскоп е посветен на вашите финансии.

Тој почнува со соларната еклипса на 4 декември во вашата втора куќа на финансии што ви носи подобро разбирање за вашиот однос кон парите. 

Љубов

Во партнерските односи ќе биде важно да покажете смиреност и трпение но всушност во таквото настојување да останете невознемирени, можно е погрешно да бидете сфатени од саканата личност и да оставите впечаток дека се оддалечувате. Важно е да бидете искрени и отворени, да покажете како се чувствувате и да не се плашите да ги изразите своите чувства. 

Шкорпиите кои не се во врска ќе имаат можност добро да размислат околу своите чувства и да ги изразат на соодветен начин. 

На 1 декември, Нептун почнува да се движи директно и ви помага да заборавите на илузиите и да најдете топлина во лојалноста од саканите. Шкорпиите велат дека не сакаат драма, но често и ја привлекуваат, а тоа ќе биде поинтензивно околу 4 декември и соларната еклипса. 

На 13 декември, Меркур влегува во Јарец што ви помага да им покажете на оние кои ги сакате колку ви значат и ви носи ранливост со која тешко знаете да се носите. Но, на оваа дата ќе се чувствувате пријатно и сигурно. 

Некои претставници на овој знак ќе запознаат личност која ќе ги привлече со својот изглед и со која мошне брзо ќе започнат интензивна комуникација, но и интимни односи. Ќе имате и  многу заеднички теми на кои ќе разговарате, но иако страстите ќе бидат силни можни се мали проблеми околу 19 декември кога Венера почнува да се движи ретроградно и ќе донесе затишје и оддалечување. Ако сте во врска, заборавете на љубомората и посесивноста на овој ден. Однесувајте се зрело и не влегувајте во конфликти само поради тоа што можеби ви е здодевно. 

Стресот во љубовните односи ќе биде особено интензивен околу 24 декември кога Сатурн прави квадрат со Уран во вашата седма куќа на партнерства што може да донесе тензија која ќе ве натера да донесете некоја голема одлука. Ќе се чувствувате како да ви е тешко во љубовниот однос и како да ви е проблем да изградите нешто стабилно. 

Работа

Размислете околу тоа како работите би можеле да тргнат на подобро само ако направите мали промени и прилагодувања. Анализирајте ја својата ситуација, каде бевте и каде сте, но и каде сакате да бидете во 2022 година. Ќе имате шанса да постигнете голем успех, но сеопфатната анализа ќе ви помогне одмерено да се движите кон успехот и соодветно да го прославите. Промените кои се случуваат под влијание на планетите се големи и длабоки, а на моменти може да ви биде тешко да сфатите што точно се случува. 

На 1 декември, Сонцето прави секстил со Сатурн што ви носи финансии за да ги реализирате своите активности на ова поле и да се посветите на долгорочни проекти. Помрачувањето на Сонцето на 4 декември носи мали проблеми на полето на финансиите. Ако имате сопствен бизнис, можно е некои инвестиции да пропаднат поради надворешни услови, па затоа ако не морате, не правете ништо драстично околу оваа дата. 

На 13 декември кога Марс влегува во вашиот сектор на финансии ќе бидете инспирирани да ги зголемите своите приходи. Истовремено, бидете внимателни да не носите импулсивни одлуки во однос на парите и бидете внимателни како трошите. 

Полната Месечина на 18 декември ве потсетува на потребата да бидете внимателни каде ги инвестирате своите финансии. 

На 19 декември, Венера почнува да се движи ретроградно, а тоа може да направи да кажувате погрешни работи на погрешно место и во погрешно време. Чувајте се од недоразбирања и колку и да ви е тешко, извинете се ако тоа е потребно кога ќе навредите некого. Работите се подобруваат околу 22 декември со почетокот на сезоната на Јарците кога ќе можете подобро да комуницирате и да бидете појасни.

Здравје

Ова е месец кој носи стабилно здравје. Ќе ви годат места со свеж воздух и физичка рекреација. Тоа ви е неопходно бидејќи некои Шкорпии ќе се соочат со проблем со дишните патишта.