Месечен хороскоп за декември 2021: Риби

Декември носи промени на полето на кариерата и среќат во љубовта.

Речиси ја преживеавте 2021 година, изминатиот месец го насочивте вниманието кон партнерот или некоја личност која ви се допаѓа. 

Љубов

Да го слушате своето срце некогаш значи свесно да донесете одлука која води кон болни последици, но тоа е некогаш неопходно бидејќи знаете дека тоа е вистинската одлука. Ова е месец во кој ќе треба да жртвувате некои аспекти во љубовта, особено доколку сте во врска. Важно е да го направите најдоброто за себеси, бидејќи така имате и поддршка од ѕвездите. 

Почетокот на месецот ви носи заљубување во една личност која многу ќе ви се допадне, но подоцна можно е да сфатите дека не ви одговара премногу. Рибите се знак кој сака да се забавува и така завршувате во ситуации на авантури и флерт кој потоа ве разочарува бидејќи ги игнорирате знаците, но со почетокот на директното движење на Нептун на 1 декември ќе имате можност поумно да бирате и да минувате време со луѓе кои ви носат долгорочен потенцијал.

На 4 декември ни пристигнува соларната еклипса во гласниот стрелец. Ова е период на почетоци и краеви, но и одличен период за промени на ова поле за вас. Затоа, ако сакате некаква промена во љубовниот статус направете ја сега, а избегнете го тоа во вториот дел од месецот.

На 18 декември пристигнува полната Месечина во Близнаци која носи длабочина во вашите љубовни односи. Ако е потребен разговор, ова е совршено време за расчистување на некои работи. Сепак, бидете внимателни околу 19 декември кога Венера почнува да се движи ретроградно па тогаш не е време за нагли одлуки. 

Сезоната на Јарците почнува на 22 декември и носи попрактична енергија. Нека биде ваша мисија да уживате во секој миг поминат со саканите. Запаметете дека секој мал миг може да го прославите само ако сте сакани и сакате. Кога Јупитер влегува во вашиот знак на 28 декември, ова е дата кога универзумот ви носи магија од повеќе аспекти. Замислете си желба! 

Работа

Време е да бидете практични. Водете сметка за ситниците и дневните задачи и барем на почетокот на месецот не смислувајте грандиозни и нереални планови. Можни се мали предизвици на полето на финансиите, па ќе биде потребно да бидете економични за да ги намалите своите трошоци. Ова ќе биде важно и поучно искуство за вас во кое ќе научите да ги штитите своите интереси и реално да ја проценувате ситуацијата. Бидете скептични и внимателни во однос на професионалните понуди кои нудат брза заработка, а не верувајте и на непроверените информации и не бегајте од реалноста.

Сонцето на 1 декември прави секстил со Сатурн и ви носи напредок во тајните преговори за новите проекти кои ќе ви донесат напредок во кариерата. Успех ве очекува на полињата поврзани со менаџмент, здравство и администрација. Но, ова е значаен месец за големи професионални промени. Време е да се исполнат вашите професионални соништа.  На 4 декември, со помрачувањето на Сонцето во вашата десетта куќа на кариера, тргнувате на пат каде успехот е неизбежен. 

Кога Марс ќе ја активира вашата авторитативна десетта куќа на 13 декември, ќе бидете многу посериозни во однос на вашите цели и ќе тргнете во освојување на она што го посакувате. Овој транзит ќе ви помогне и да изберете кариера во која ќе ја испробате својата среќа. Земете ги работите во свои раце и верувајте во себе.  На 13 декември, Меркур влегува во Јарец и ви носи професионални ангажмани кои ќе ве направат среќни и задоволни. Ако сте среќни на сегашното работно место, заблагодарете му се на шефот за тоа, но ако не сте, време е да направите нешто во однос на тоа. Почнете да планирате сега.

На 19 декември, Венера почнува да се движи ретроградно и ви носи впечаток дека не можете да им верувате на другите. Таа ќе присуствува во вашата единаесетта куќа на заедништво што може да предизвика тешкотии во соработката со колегите. 

Здравје

Помрачувањето на Сонцето на почетокот на месецот влијае на вашиот имунитет и прави да сте подложни на воспаленија и кардиоваскуларни проблеми. Пожелно е да направите контрола на крвната слика и крвниот притисок. Ова е период кога ќе ви биде потребен добар сон и одмор.