Месечен хороскоп за декември 2021: Јарец

Декември е месец на целосна преобразба за Јарците. Ова е месец кој ви носи слатка романса и подобар квалитет на живот на работното место.

Вашиот хороскоп за овој месец почнува со соларната еклипса во дванаесеттата куќа на духовноста. Таа ќе ве поттикне да погледнете во емоциите кои ги имате во себе  и да си простите за некои грешки од изминатите месеци. Ова е и ваш месец па ви доаѓаат многу причини за да славите.

Љубов

Овој период е поволен за подобрување на комуникацијата со своите блиски, но и за односот кој го имате кон себеси. Негувајте позитивна грижа за себеси -  обраќајте си се себеси љубезно и пријателски, а не критички и погрдно. Кога ќе се видите себеси во негативно размислување, простете си себеси и продолжете напред попозитивно. Одржувајте љубовен однос кон себеси, а тоа ќе ви помогне да ги подобрите односите со другите луѓе и ќе ви помогне да ги разберете како размислуваат. Ориентирајќи се на тоа, ќе дојдете до важни увиди и ќе можете да си поставите себеси здрави граници, да ги поправите нарушените односи и да започнете нови на здрава основа.

Ако сте сами, декември ви носи познанство со личност која во љубовта има слични потреби како и вас. Мошне брзо меѓу вас ќе се развие физичка привлечност, а ќе почнете и интензивно да се гледате. 

На 1 декември, Нептун почнува да се движи директно во Риби и ви носи можност да се поврзете со луѓе кои ви одговараат без илузии и без гледање на светот со розови очила. Тоа ќе ви помогне и да ги избегнете разочарувањата и да избегнете спојување со погрешни личности. 

Ако сте во врска, соларната еклипса на 4 декември предизвикува сомнежи во вашата врска. Ќе забележите дека вашиот партнер се однесува поинаку и тоа ќе биде причина да добиете желба да откриете што се крие од вас. Можна е драма за некои Јарци околу оваа дата, но поминете време со саканата личност и покажете и дека е сакана. 

На 19 декември Венера почнува да се движи ретроградно во вашиот знак што ќе направи да се сомневате во себеси и да се чувствувате несигурно. Тоа може да донесе оддалечување од саканата личност и студен однос. За некои Јарци, некои луѓе од минатото ќе се вратат во вашиот живот.

Но, со почетокот на вашата сезона на 22 декември ќе се чувствувате подобро и ќе се гледате себеси низ вистинско светло, успевајќи да ја видите унапредената верзија од себеси. Ова е време да посакате желби, па дури и да ги запишете за да се исполнат. 

Можна е драстична одлука на ова поле околу 25 декември, но иако тоа можеби ќе ви биде непријатно на почетокот, на крајот ќе бидете задоволни од себеси.

Навлегувате во подобра 2022 година. На крајот на декември, поточно на 28 декември Јупитер влегува во Риби во вашата трета куќа на комуникација и ви помага подобро да комуницирате со другите. Ќе бидете харизматични и ќе привлекувате интересни личности, а тоа е одличен начин да ја завршите оваа година. 

Работа

Имате сè што ви е потребно за да бидете успешни, во каква ситуација и да се наоѓате. Соберете ги сите информации кои ви се важни пред да донесе одлука и прифатете ги промените кои доаѓаат и носат потенцијал да донесете драстични промени во своето работење. Не влегувајте во значајна соработка и проекти во овој период и избегнете ги ветувањата кои не можете да ги исполните.

На 1 декември, Сонцето прави секстил со Сатурн и ви овозможува преку тајни канали да соберете финансии за важни проекти. Целосното помрачување на Сонцето на 4 декември ќе се одигра во знакот Стрелец што ве предупредува да внимавате што се случува зад вашиот грб и да бидете внимателни некој од вашата близина да не ви нанесе штета. 

Околу 13 декември ќе ја ставите работата на второ место и ќе го приоритизирате своето ментално здравје. Тоа е ден кога Марс ќе навлезе во Стрелец во вашата дванаесетта куќа на непознатото. Овој транзит веројатно ќе ве натера и да успорите и да најдете време за себеси. На истата дата, Меркур влегува во вашиот знак и главниот фокус е на вашите финансии. Ова е и ден кога можно е да погледнете на својот професионален живот и да ги најдете областите на кои им е потребно подобрување. Освен тоа, ова е и период кога ќе преговарате и комуницирате посмирено, па овој транзит ве поттикнува да побарате покачување. 

На 18 декември пристигнува полната Месечина во вашата шеста куќа на здравје што ќе ви помогне да разберете што ви е потребно за да го подобрите своето здравје. Но, запаметете дека телото и духот се секогаш поврзани. Ова е и ден кога ќе добиете позитивен фидбек на работното место и ќе се чувствувате како вашите желби да се исполнуваат. 

Ден потоа, на 19 декември – Венера почнува да се движи ретроградно што ќе ве инспирира да работите на својот настап и професионален имиџ. Ако се чувствувате несигурно, запрашајте се кои се работите кои можете да ги промените за да се чувствувате подобро пред другите. 

На 28 декември, Јупитер влегува во Риби а тоа бара од вас да ги завршите обврските на време. 

Здравје

Квадратот на Меркур со Нептун во првата половина од декември предизвикува слаба циркулација и проблеми со хормоните. Со влегувањето на Меркур во вашиот знак вашето здравје ќе се подобри и ќе биде постабилно, а ќе бидете и поотпорни на стресот. Важно е да се занимавате со рекреативни активности и да се грижите за своето здравје.