Месечен хороскоп за декември 2020: Бик

Овој декември ќе биде брз за вас, драги Бикови!

Со оглед на тоа дека сте фиксен знак кој не сака брзина, можно е да биде потребно да излезете од вашата зона каде се чувствувате најпријатно. Можеби ќе ви биде тешко за момент, но сето ова е за добро. Луѓето ќе имаат мислење за вашиот живот и постојано ќе го споделуваат тоа, но само вие знаете што е најдобро за вас. Следете го тоа. Верувајте им на своите инстинкти, тие ќе ве водат напред.

Овој месец ќе ви донесе повеќе обврски и одговорности на полето на работата, но тоа нема да ви пречи бидејќи ќе сакате да се докажете. Најдете време да затворите некои поглавја и да ги славите новите почетоци. Бидете особено внимателни на 11 декември и не кажувајте нешто што не го мислите. 

На полето на љубовта, декември ви носи заклучок од сите лекции кои ги научивте изминатите месеци. Можно е да бевте заглавени во минатото или пак несвесни за тоа што ви се случува, но овој месец ви носи јаснотија на ова поле. Ова е период кој ќе ви помогне да сфатите како да продолжите напред. Зимата можеби ќе донесе некои тешки чувства, но флертувајте со оние кои ви се допаѓаат, не се задржувајте во однос на тоа. Една посебна личност не знае што чувствувате за неа, па можеби е време да го отворите срцето, да погледнете напред и да заборавите на минатото.