Месечен хороскоп за август 2021: Водолија

Прочитајте што ви носат ѕвездите во август.

Работа

Меркур и Сонцето прават конјункција на самиот почеток на месецот и ви носат можност за нова голема соработка, потпишување на важен договор и голема заработувачка. Можни се потешкотии на самиот почеток, но бидете истрајни бидејќи успехот е ваш и ќе дојде во текот на месецот. 

Опозицијата на Венера со Нептун ќе влијае на вашиот платен промет, па избегнувајте големи вложувања и задолжувања. Меркур влегува во Девица на 11 август каде е стабилен и силен, а тоа ќе ви помогне подобро да се организирате во работата. Венера влегува во Вага на 16 август и ви носи стручна поддршка онаму каде тоа ви е потребно. Во третата декада на август, Меркур и Марс прават тригон со Уран и ќе ви донесат можност некои проекти да ги завршите пред роковите и да се чувствувате посигурно. Тригонот на Венера со Сатурн ви носи успех особено ако сте активни на полињата поврзани со менаџмент, туризам, образование и транспорт.

Невработените Водолии ќе добијат можност да се вработат во областите со комуникации, модерни технологии, образование, финансии и право.

Љубов

Вашите врски ќе станат многу интересни овој месец. Младата Месечина на 8 август настапува во вашата седма куќа на партнерства, па ќе се потрудите да ја подобрите динамиката со другите, без оглед на тоа дали сте сами или во врска. Потребни се двајца за танго, па затоа изберете ја најдобрата личност за вас. 

Ако сте во врска, првата половина од август ви носи сериозни несогласувања со саканата личност, особено поради големите разлики во вашите желби и очекувања. Можни се проблеми и конфликти и со членовите на семејството.

На 9 август, можно е да разговарате за слободата и некои граници во вашата врска, но потрудете се тоа да биде  јасно за да не биде погрешно интерпретирано од другата страна. За среќа, тоа е ден и кога Венера влегува во вашата спонтана деветта куќа, што ви носи поавантуристички пристап кон љубовта. 

Сонцето во втората половина на август прави опозиција со Јупитер што дополнително ќе ги искомплицира веќе напнатите односи со партнерот, па ќе изгледа како двете страни да се борат за доминација во врската. Можни се тешки зборови во овој период.

Ако сте слободни, во првата половина на август можно е да запознаете личност која ќе проба да ви се наметне, а и со тоа да ве оддалечи од себе. Иако ќе имате повеќе слични кандидати во текот на месецот, во третата декада на месецот ќе запознаете некој кој вистински ќе ве привлече.

Можен е почеток на врска околу 19 август кога ќе бидете забележани од другите и ќе блескате со неверојатна самодоверба. Со полната Месечина на 22 август ќе имате силно чувство кои сте и што сакате и тоа може да ви помогне да манифестирате вистинска личност до себе или да сфатите дека треба да задржите некој блиску до себе. Сето ова ве подготвува за интензивна сезона на Девиците која настапува на 23 август. 

Некои Водолии ќе бидат недостапни за другите и целосно затворени, но ќе ги привлече интелигентна личност која брзо ќе ја засакаат.

Здравје

Првиот дел од август ви носи нестабилно здравје, особено ако имате хронични тегоби. Ќе имате проблеми со коските, кичмата и зглобовите, а можни се и кардиоваскуларни проблеми. Пробајте да го контролирате крвниот притисок и да не излегувате на топло без потреба.