Месечен хороскоп за август 2020: Водолија

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Ве очекуваат одлични успеси на ова поле, но и супер соработка со колегите. Пробајте да ги процените сите ситуации објективно и не преземајте поголем товар од тој што можете да го издржите. Ако се занимавате со трговија, време е за попис и ревизија. Ако патувате поради работа, проверете дали документацијата ви е во ред и важечка.

Љубов

Ако сте во врска: Можни се конфликти на ова поле, но не се плашете како ќе бидете сфатени туку изразете се добро. Повремените конфронтации само ја продлабочуваат врската, ова не е крај. Само заеднички соочувајте се со проблемите кои доаѓаат и се ќе биде во ред.  

Ако сте слободни: Слободните Водолии  ќе бидат романтично расположени. Ќе сакате да ги изразите своите чувства за некоја драга личност, но постојано ќе се плашите од тоа како ќе бидете сфатени. Надминете го таквиот страв, бидејќи ќе се изненадите од позитивната реакција од другата страна.

Здравје

Можни се главоболки.