Месечен хороскоп за август 2020: Риби

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Овој месец ќе имате голема поддршка која сака да ве види како успевате, или некоја личност која ќе биде на ваша страна. Ако работите во тим, можни се несогласувања и непријатни разговори. Не се вклучувајте во соработки каде немате целосна доверба во другата страна. 

Љубов

Ако сте во врска: Интензитетот на емоции на ова поле носи големи промени. Склони сте кон лутење и обвинување на саканата личност, но тоа не е најдобриот пристап бидејќи штети на односот повеќе одошто можете да замислите. Пробајте да ги разберете мотивите од нивна страна и да премолчите она што не мора да биде кажано. Вториот дел од месецот ви носи стабилизација во односите. 

Ако сте слободни: Слободните Риби  треба да се внимателни во однос на луѓето кои им пристапуваат, а не ги познаваат добро. Не им давајте доверба на оние кои не ја заслужиле, односно не брзајте кога станува збор за тоа. Анализирајте и набљудувајте прво, па потоа решете се дали некој ве заслужува во неговиот живот.

Здравје

Проблеми со варењето.