Меркур влегува во Девица: До 25 август се исполнуваат сите желби 

Од 4 до 25 август, планетата на комуникацијата Меркур ќе престојува во Девица  и ни носи исполнување на сите наши желби.

Астролозите сметаат дека ова е еден од најдобрите периоди за работа и финансиска активност. Енергијата на Меркур е особено силна кога тој престојува во овој знак па затоа искористете ја оваа шанса за да се посветите на својата кариера и да остварите подобри финансиски резултати. 

Како Меркур во Девица ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Овен

Овните се посветени на воспоставување нови врски и подобрување на односите со другите. Целта ви е да работите тимски, а своите лични цели да ги ставите во втор план. Фокусирајте се на општото добро, долгорочно гледано, тоа е многу важно за вас.

Бик

Во наредниот период можете безгрижно да трошите, но и да вложувате пари. Само добро анализирајте што е исплатливо. Ова е идеален период за учење и стекнување нови знаења, но и финансиска писменост. Астролозите ве советуваат да не губите време залудно, туку да го искористите за учење.

Близнаци

Овие три недели ќе бидат особено продуктивни за вашиот знак. Најголема среќа ги очекува Близнаците кои ќе бидат максимално сконцентрирани и подготвени за вредна работа. Контактите со клиентите ќе бидат повеќе од интересни, ќе ви обезбедат нови купувачи и ќе успеете да ја проширите работата. Ако влегувате во ново работно место, ве очекуваат одлични услови.

Рак

Во наредниот период вашата интуиција ќе биде силна. Во однос на финансиите, потрудете се внимателно да ги проучите сите чекори, пред да преземете нешто. Ако се соочите со некакви неволји, Меркур ќе ви помогне да ги поминете што побезболно.

Лав

Претставниците на овој знак ги очекуваат интересни професионални патувања. Искористете ги за да склопите нови познанства кои би можеле да ви бидат од корист во работата. До крајот на престојот на Меркур во Девица, најверојатно ќе сфатите каде да се движите и каква одлука да донесете.

Девица

Престојот на Меркур во вашиот знак ќе направи да бидете многу продуктивни, без оглед на вашето поле на активност. Ако работите неуморно и предадено, тогаш ќе се промени и вашата финансиска ситуација. Ова е период кој ќе ви помогне да оставите и подобар впечаток на другите. 

Вага

За време на овој силен Меркур, вам ќе ви биде најлесно да ги одвоите вистината од лагата. На финансиски план, ова во голема мера ќе ви помогне да напредувате на скалата на кариерата. Ако вашата работа подразбира комуникација со луѓето, тоа ќе ви донесе многу успех.

Шкорпија

Ова е месец во кој ќе успеете да воспоставите свои правила, кои се сосема нови. Ќе најдете нови извори на инспирација и мотивација за работа. Оние кои уште не се пронашле во својот живот, сега имаат можност да го направат тоа. Ова е одлично време за поставување цели.

Стрелец

Стрелците ги очекуваат повеќе пријатни изненадувања во текот на овој месец. На пример, некој би можел да ви купи нешто многу скапо. Некои други Стрелци ќе успеат да остават впечаток на своите надредени и да добијат покачување или унапредување. Во овој период и харизмата ќе ви биде на завидно ниво, што е многу важно за вашиот финансиски успех.

Јарец

Меркур ќе ве направи продуктивни, така што за малку време ќе успеете да постигнете многу. Исто така, овој период е поволен за завршување на важни проекти. Само бидете трпеливи и фокусирани на својата цел.

Водолија

За време на овој Меркур во Девица ќе оставате многу влијание на своите клиенти, шефови, но и на колегите. Ова е време кога ќе можете да излезете од сопствената зона каде се чувствувате најсигурно и да се насочите кон остварување на своите соништа. Важно е да имате цел, без тоа Меркур ќе ви биде сосема бескорисен.

Риби

Кога и да треба да донесете одлука, консултирајте ја својата интуиција – таа ќе ви помогне во натамошниот период. Меркур нема да дозволите да направите фатална грешка. Периодот е одличен за креативност, насочете се кон развивање нови идеи.