„Мерцедес“ управуван од 19 годишен скопјанец усмрти пешак во Охрид

Вчера во 18.30 часот, на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид, патничко возило  „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(19) од Скопје удрило во пешак М.Т.(58) од Охрид.

М.Т. била префрлена за укажување на лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнала на повредите.

На местото на незгодата бил извршен увид од Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.