Меморијална велосипедска тура во сеќавање на загинатата планинарка Калина

Во недела, 5-ти февруари, ќе се одржи меморијална велосипедска тура во сеќавање на планинарката Калина Велевска, која загина во 2018 година искачувајќи се на Кајмакчалан.

- Ќе оддадеме почит и ќе положиме свежо цвеќе во сеќавање на нашата другарка, пријателка, бајкерка и планинарка Калина, информираат организаторите.

Ќе се вози преку Ченто, Стајковци, Црешево, Булачани, а турата ќе заврши на градските гробишта во Бутел.

Зборното место за велосипедистите ќе биде кај Универзална сала во 09.00 часот, а во случај на лоши временски услови, турата ќе се презакаже.