Вчера отворањето на 9. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ кое се одвиваше во киното „Фросина” во МКЦ. За првпат досега, целокупната филмската програма, од денеска па се до 20 октомври, ќе може да се проследи во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, во „Киноверзум“.
На отварањето присуствуваше и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој кажа дека му претсавува чест да биде во друштво со македонски и светски режисери и актери.
„На мое огромно задоволство, вечерва имав чест да присуствувам на едно од најубавите случувања во Скопје – на отворањето на деветтото издание на Меѓународниот филмски фестивал, „Киненова”. Токму од ова место, од киното „Фросина” во МКЦ, а веќе од утре и за првпат досега, целата филмска програма ќе се одвива во Домот на култура „Билјана Беличанец” во Кисела Вода и ќе имаме можност да ги видиме возбудливите дебитантски остварувања од младите режисери од Македонија и светот за кои сум убеден дека, ќе го задржат до крај вниманието на сите гледачи.
Исто така, имаме можност да го проследиме и првиот анимиран филм во Македонија, дело на Гоце Цветановски. Изразувам огромна благодарност до директорот на овој фестивал, Небојша Јовановиќ за поканата на овој прекрасен настан. Упатувам честитки до лауреатот за оваа година, познатиот австриски режисер Улрих Зајдл, добитникот на наградата ,,Златна грива.”
Беше навистина посебно да се биде во друштво со македонските и светските режисери и актери. На Скопје му недостасуваат вакви настани. И Скопје, повторно ќе биде град на културата“, истакна вчера, градоначалникот Ѓорѓиевски.