Меџити: Тешко ќе биде да се објасни зошто некој би се вратил во коалиција со ДУИ

Првиот вице-премиер Изет Меџити во Дејли клик на ТВ21 вели дека многу е проблематично да и се објасни на јавоста зошто некој би се вратил да коалицира со ДУИ.

„Јас претпочитам да седнеме и да се консолидираме и да продолжиме понатаму. Но, многу е проблематично да се објасни пред јавноста дека јас, кој бев внатре во ДУИ, излегов од ДУИ вчера, г. Таравари излезе од владеењето со ДУИ вчера, не од оваа ДУИ денес. Имавме ДУИ која не беше ни на црни листи, не беше ниту затворено 1/3 од раководството за корупција и висока корупција, значи, од ДУИ која сите сега бегаат, тука се поставува дилемата тогаш зошто излеговме од таа ДУИ вчера и сега се враќаме во оваа ДУИ денес“, вели Меџити.

Според него, Таравари ова тешко ќе го објасни пред јавноста.

„Пред членовите, дури и потешко од мене, бидејќи членството на г. Таравари од почетокот е дека тој сака да ги нарекува деривати, ако ние сме деривати на ДУИ, тој ќе биде дериват на ДПА. И денес нема аргумент кој може да го убеди, дека излеговме од таа ДУИ вчера, а сега сакаме да одиме во оваа ДУИ на црните листи, на корупцијата и на недостигот на визија, една ДУИ која самиот г. Арбен Фетаи ја нарекува „политички мртовец“, и да се претендира да се соработува со политички мртовци, мислам дека нема да биде лесно“, вели Меџити