Мечка и нејзините мечиња снимени на Шар Планина

Вчера на Шар Планина се случила несекојдневна глетка, а истата била забележана и на видео камерите поставени среде шумата.

Имено, мајка мечка и две мали мечиња додека шетале низ густата шума на Шар Планина или додека биле во потрага по храна случајно застанале точно пред камерата и со тоа ја овековечиле оваа глетка.

Здружението „Шари Беар“ и неговите членови секојдневно на посебни пунктови им носат храна на мечките, за да им помогнат во исхраната.