Урош Б. изврши масакр кај Младеновац на 5 мај, по што беше уапсен од полицијата, а неговата мајка Билјана Блажиќ за првпат даде изјава за медиумите.
- Како да застанам пред родителите на жртвите. Син ми ме уби кога пукаше во невините деца, ме закопа жива. Пред да замине, ме бакна и се поздрави со татко му. Ме замоли да додадам малини во колачот кој го подготвував кога си замина. Ништо не укажуваше на ова што се случи. Мислев дека се самоубил, но го најдоа утрото, вели Билјана.
Билјана вели дека не знае како ќе продолжи да живее понатаму затоа што знае дека нејзиниот син извршил масакр.
- Не сакам да живеам како мајка на масовен убиец, не можам да го поднесам тој товар. Уништи сè, се претвори во чудовиште. Ги уништи снаата, дедото и сите роднини, а родителите си ги закопа. Нека му се суди според законот, кажа неговата мајка.