Мажите не сакаат жени кои можат без нив

Често се поставува прашањето зошто успешните и паметни жени се сингл. Зошто мажите кога одат по улица само ги гледаат.

Photo by Allef Vinicius on Unsplash

Зошто кога ќе се најде во неволја во непозната област, нема ниту еден маж наоколу да и помогне. Зошто успехот на жената во никој случај не се совпаѓа со нејзиниот успешен љубовен живот.

Знаете ли дека има огромен број на мажи кои се спремни да и простат се на жената, дури и да изневерат, но не успеваат? На мажите им е многу тешко да прифатат жена со стан, жена која добро заработува и жена која може да живее без маж.

Жена со стан

Многу мажи повеќе би сакале да бидат станари или да живеат со своите родители отколку да се вселат во стан со својата партнерка. Тоа им е под чест и никој од нив не сака да го нарекуваат папучар.

Зарем не е подобро да имаш покрив над главата отколку да немаш? Ако жената веќе го решила станбеното прашање, зарем не би било логично да живееш во тој стан. На крајот, излегува дека за многу мажи решавањето на станбеното прашање на жената е повеќе минус отколку плус.

Жена со плата

Дури и ако случајно жената заработува повеќе од мажот, тоа може да биде сериозен проблем за него. Можеби ова се должи на фактот што многу мажи сметаат дека овој материјален придонес е нивниот единствен придонес во бракот.

Тоа што жената заработува повеќе значи дека не зависи од него, туку тој би можел да зависи од неа. Нема ништо лошо во тоа жената да заработува добри пари, секој маж треба да се гордее со успехот и приходите на својата сопруга.

Жена која може без маж

За многу мажи најтешко е да прифатат емотивно независна жена или жена на која мажот не и е на прво место.

Таа никогаш нема да се откаже од кариерата и својот живот за маж, а ако види дека тој не вреди нејзиниот труд, нема да и треба долго време да го напушти. Таа секогаш се става себеси на прво место.