Мажите најлесно ќе ги добиете на овој начин

Жените често свесно, но дури повеќе и несвесно, го менуваат своето однесување со цел повеќе да им се допаднат на мажите.

Но, се додека не ги прават овие работи што ќе ги избуткаат работите во погрешна насока, сè е во ред …

Затоа, тука се три грешки што мора да ги избегнете:

Не мислите на неговите емоции – многу жени мислат дека мажите се првенствено сексуални суштества и дека ќе ги привлечат емотивно само ако прво ги привлечат сексуално.

Во реалноста, мажите ги искусуваат емоционалниот и сексуалниот однос како два различни концепти.

Не го препознавате потенцијалот за врска – жените често го гледаат потенцијалот за врска каде што не постои.

Ако чувствувате силна привлечност, ќе ги игнорирате здравиот разум и инстинкти и ќе го предвидите фактот дека овој човек нема потенцијал за врска и никогаш нема да има.

Важно е да се препознаат знаците за предупредување, како што се лошото и агресивно однесување, недостаток на интерес, неверство, додворување на други девојки од самиот почеток.

Оставате впечаток дека сте несигурни – дури и жените кои имаат најмногу самодоверба, понекогаш случајно знаат да остават впечаток на несигурни и несамостојни лица на кои мажот им е неопходен, а тоа е нешто што мажите ги одбива и ги убива шансите за врска.

Таков впечаток оставате со желбата за прикажување во јавноста, ако зборувате лошо за вашето поранешно момче и зборувате лоши работи за другите жени.

Ако зборувате негативно за некое поранешно момче, зборувате негативно и за себе.

Кога зборувате лошо за другите жени, ја истакнувате сопствената несигурност.