Мажите кои ме повредија само ме направија посилна: Благодарна сум за овие работи

Сум имала секакви врски и некои од нив биле многу напорни за мене и трајно влијаеле на мојот живот. Поради нив имав проблем со доверба. Но, колку и да ме повредија, сепак сите тие врски ме научија на овие важни работи:

Јас можам да се грижам за себеси. Благодарејќи на врските во кои бев запоставувана, сфатив дека можам да се грижам за себеси и да направам многу работи кои порано мислев дека не можам да ги направам. Сфатив дека сум независна и самодоволна и нема потреба да чекам некој да направи нешто за мене. 

Подобро сама и среќна, отколку во врска и несреќна. Благодарејќи на врските во кои бев несреќна, сфатив дека е подобро да бидам сама и среќна, отколку во врска и тажна. Ако врската треба да биде извор на стрес и несреќа, подобро да не бидам воопшто во врска. 

Добро размисли кога избираш со кого да бидеш. Кога бев помлада, бев многу поотворена за различни мажи и за врски. Давав шанси дури и кога не бев баш убедена дека ќе бидеме добар пар, само затоа што сметав дека треба да ѝ се даде шанса на љубовта. Сега сфатив дека пред да влезам во врска морам убаво да размислам дали да го сторам тоа.

Што и да се случи, ќе бидеш добро. Порано мислев дека крајот на врската е крајот на светот. Сега знам дека дури и да заврши лошо, на крај пак ќе бидам добро и ќе продолжам понатаму со крената глава. 

Никогаш не се сомневај во својата вредност. Ова го научив на потешкиот начин. Неуспешните врски секогаш имаа лошо влијание на мојата самодоверба. Сега сфатив дека фактот што некоја врска не успеала, тоа не значи дека мојата вредност е помала. Сега се сакам себеси и имам поздрав однос кон својот живот. 

Болката не е љубов. Не, љубовта не треба да боли, не треба да прави да се чувствуваш како да не вредиш, не треба да страдаш. Здрава љубов те прави посреќна и поисполнета и нема шанси да изберам нешто помалку од тоа.