Маж во скопско Марино фатен на дело додека крадел во маркет

Маж во скопско Марино фатен на дело додека крадел во маркет.

-На 18.01.2021 во 13:20 часот во маркет во с.Марино, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода З.П.(60) од с.Миладиновци, скопско, затоа што бил затекнат при извршување кражба во маркетот- соопштува полицијата.

Кај него биле пронајдени украдените предмети и биле вратени на сопственикот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.