Маж пронајден починат во својот стан во Аеродром

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено во сопствениот стан на подрачје на Аеродром бил пронајден починат Џ.М.

Од полицијата информираат дека смрт без траги на насилство констатирал лекар од итна медицинска помош. 

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено во Судска медицина на обдукција.