Маж од Батинци загина во сообраќајка кај Дрисла

49-годишниот Н.Р.,жител на Батинци, загина синоќа во тешката сообраќајка што се случи во скопското село Батинци во близина на депонијата Дрисла.

Сообраќајката се случила околу 20 часот помеѓу возило „шкода октавија“, управувано од Н.Р. (1972) од село Батинци и возило БМВ. Од незгодата Н.Р починал од добиените повреди, а возачот на БМВ е пренесен во Клинички центар, информираат од МВР.

Фото: 21ТВ