Маж нападнат додека извршувал работи во угостителски објект во Скопје

Министерството за внатрешни работи информораше дека вчера во 23.20 часот во Полициска станица Гази Баба, Б.М.(27) од Тетово пријавил дека, додека извршувал работни задачи во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од две лица.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.