Матурантите на мака - Не се знае што со нивната државна матура!

Тече третата недела од штрајкот во образованието. Во средните и основни училишта во државава и понатаму не се одвива настава поради штрајкот на членството на СОНК.

Родителите со поделени ставови, дел го подржуваат штрајкот и бараат поголема мотивација со цел унапредување на образованието, дел негодуваат дека три недели надвор од училишните клупи е премногу.

Засега не се знае како ќе се надокнади изгубениот материјал, дали ќе се учи во саботите или пак, по 10. јуни кога завршува учебната година.  

Во најголема неизвесност што понатаму се матураните. 

-Во многу од училиштата проектните задачи се завршени уште во март, но има училишта, во сите осум плански региони, каде по цели класови немаат положено проектна задача, која е дел од државната матура, истакна Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека со пробивањето на рокот за полагање на проектна задача, кој истече на 21 април, дел од матурантите, не по своја вина, ќе останат без државна матура. 

-Над 16.000 матуранти се во неизвесност заради политичката агенда на раководството на СОНК. Од нив околу 10 отсто или околу 1.600 не го поминале првиот дел од државната матура и не можат да полагаат испити во јуни. Загрозени се и уписите на оние матуранти кои своето школување планираат да го продолжат во странство и сето тоа само заради уценувачкиот однос на раководството на СОНК, порачаа денеска од СДСМ кои деновиве се се погласни да се прекине штрајот и образовниот процест за почне што поскоро.