Матичното во Ѓорче е како штала, се пожали актерот Тасевски

Актерот Сашо Тасевски објави фотографија на социјалните мрежи и кажа дека бил изненаден од тоа што Матичното во Ѓорче Петров е во ужасна состојба.

- Другар ми Децко од Ју-Ес-Еј, во шок паднал кога го пратиле овде да вади извод. И јас исто кога ми ја покажа сликава што ја направил. За 30 години самостојност не успеавте една зграда да направите? Каде се парите? Срамота бе, Децко Американецот помислил таксистот згрешил и го донел пред сточара, вели Тасевски.