Матичен млеч – драгоцен лек кој ги убива болестите

Матичниот млеч е познат одамна. Тој бил редок и драгоцен лек кој се чувал само за најбогатите слоеви. Кинезите и Русите веќе одамна го истражуваат неговото моќно влијание на нашето здравје и досега откриле многу чудесни својства на овој природен лек.

Тој е еден од најлековитите пчелини производи. Неговата лековитост помага кај многу болести, а нутриционистите го сметаат за најсовршена намирница на светот. Тој го лечи, храни и ревитализира телото.

Матичниот млеч е богат извор на минерали, витамини, протеини и ензими. Ги содржи витамините А, Б, Ц, Д и Е, а посебно висока концентрација има на витамин Б5 и Б6. Освен тоа, содржи и аминокиселини кои го спречуваат развојот на бактерии и вируси.

Тој го јакне нервниот систем, ја обновува енергијата и дава виталност. Во педијатријата се забележани многу позитивни резултати од лечењето со матичен млеч кај болестите на белите дробови и централниот нервен систем. Тој е одличен и за лечење на пореметувањата во исхраната кај малите деца.

Се смета и за природен анаболик кој помага кај слабоста поради болест или старост. Дава изненадувачки, но трајни ефекти на лечење на различни болести како последица на склеротичните и климактеричните процеси.

Кај спортистите, ја зголемува нивната издржливост, а е и одличен додаток во исхраната поради протеините кои ги содржи. Освен тоа, му помага на организмот брзо да се опорави кај скршеници и рани.

Помага кај висок холестерол, проблеми со висок притисок, покачени триглицериди, стенокардија и различни кардиоваскуларни заболувања. Тој често се користи и за лечење на неплодност кај мажите и жените.

Матичниот млеч го ублажува стресот, немоќта и несоницата. Има својства на природен антибиотик, а некои истражувања покажуваат дека тој може да го успори растот на туморот и клетките на ракот. Освен тоа, ги намалува ефектите на хемотерапијата.