Масимо, CHIPPENDALES, APOCALYPTICA доаѓаат во Скопје!

Почитувани, Авалон со огромно задоволство ви ги најавува првите проект кој ќе се одржат во 2017 година.

МАСИМО САВИЌ СО ДВА ЕКСКЛУЗИВНИ КОНЦЕРТА ВО СКОПЈЕ!!!

Имено, сигурно најквалитетниот машки вокал на просторот на цела поранешна Југославија, Масимо Савиќ, по пауза од неколку години ќе одржи два суперексклузивни концерта на 17 и 18 февруари 2017 година, во Македонската опера и балет.Масимо доаѓа повторно во Скопје, на концерти на кои ќе бидат претставени песните од неговиот последен албум, неговите најголеми хитови, како и дел од сега веќе антологистките албуми „Вјештина“ 1 и 2.

Бидејќи трет концерт со сигурност нема да има, влезниците за двата концерта одеднаш ќе бидат пуштени во продажба од четврток (08.12.2016), во 9 часот наутро, по цена од 990 денари.
 

ЕКСКЛУЗИВНО ОД ЛАС ВЕГАС ВО СКОПЈЕ: CHIPPENDALES ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА!

Најголемата стрип танчерска трупа на светот на сите времиња CHIPPENDALES за прв пат доаѓа во Скопје. CHIPPENDALES кои со професионалната сценска продукција и фантастична кореографија помогнаа стриптизот да биде прифатен како забава и спорт низ целиот свет, за прв пат ќе имаат можност да ги гледаат и нашите дами, на 20ти март, во хотелот „Александар Палас“.

Нивната приказна започнала уште во 1979 година во Лос Анџелес, како прва професионална машка танцова трупа, која многу брзо почнала да го освојува светот каде и да настапува.Квалитетот на нивната кореографија и изведба го помогнал прифаќањето на „The Male Review Show“ како забавна и популарна форма. Со комбинација од креативни танцови точки, пеење и стриптиз, дефинитивно момците од CHIPPENDALES ги оживуваат класичните фантазии и истите ги претвораат на сцена во егзотични искушенија.

Трупата во моментов брои 48 машки танчери. Меѓу нив има студенти, професори, веб дизајнери, фотографи, брокери, војници, пејачи, кик боксери... Настапуваат годишно во над 25 земји од светот или пред повеќе од еден милион жени, а нивното шоу за многумина е „The Ultimative Girls Night Out“ доживување.

Влезниците кои ќе бидат во строго ограничен број (само 1.200 влезници), ќе бидат пуштени во продажба од понеделник преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 1500 денари.

APOCALYPTICA plays METALLICA by four cellos во Скопје!

Интензивниот и експлозивен бенд Apocalyptica повторно доаѓа во Скопје, овој пат со својата досега најатрактивна турнеја со наслов „20 years of Plays Metallica by four cellos“, на 5-ти април 2017 година.

Спојувајќи ја класничната музика со хеви метал, Apocalyptica стекна светска слава и привлече огромно внимание кај фановите и медиумите. Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот.

Во чест на 20 годишнината од излегувањето на деби албумот „Plays Metallica By Four Cellos“, финските челисти објавија и албум во кој се вклучени и досега необјавени верзии од легендарните хитови на Metallica- „Battery“, „Nothing else matters“ и „Seek and Destroy“.
Поради фактот што минатиот пат салата во СРЦ Кале беше претесна, овој пат спектаклот се сели во ВИП Арената.

Влезниците ќе бидат во пуштени во продажба од среда преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, а сите детали околу билетите ќе бидат објавени вечерва во 21 часот.