Марс и Плутон ни носат тешка енергија – како да ги победиме сите турбуленции?

Секоја година, Марс креира квадрат со Плутон и носи мали турбуленции во нашиот живот, терајќи нè да излеземе од зоната во која се чувствуваме најпријатно. 

Во 2020 година сведоци сме на многу предизвици и промени, а квадратот на Марс и Плутон носи уште цела низа од нив. Први во низата ќе бидат оние на 13 август, потоа 9 октомври и на крајот, на 20 декември. Сите три се меѓусебно поврзани, а секоја од нив различно ќе влијае на нашите животи.

Квадратот на Марс и Плутон претставува ослободување на моќна енергија која носи големи животни промени. Можат да се појават напнати ситуации, чувство на немир, натпреварувачки дух, голема борба за превласт и силни тензии.

Не носете нагли одлуки овој период. Пробајте да се контролирате и да одите чекор по чекор. Не се потпирајте на својата несигурност, туку оставете ја да пројде, дишете длабоко и не верувајте во сè што ќе ви сервираат вашите мисли. Некои луѓе ќе се чувствуваат како да го губат својот компас, па затоа потрудете се да останете смирени.

Најдоброто нешто што можете да го направите е да си верувате себеси, но и на Универзумот кој секогаш е на ваша страна. 

Смирете се и размислете што ви прави непријатност и сфатете што е тоа што можете да го смените. Не се фокусирајте на работите на кои немате контрола. Ако имате некаков анимозитет кон одредена личност, колку и да е валиден или невалиден, едноставно не влегувајте во конфликти со таа личност.

На крајот, запаметете дека Марс е бестрашен воин кој ќе ве охрабри како да го победите најтешкото.