Македонскиот триатлонец Марио Брезовски на 5 ноември ќе настапи на Младинските олимписки игри во Дакар 2026, каде ќе се натпреварува во машкиот спринт триатлон.

Неговиот настап е закажан за 9:15 часот. Зад овој спортски предизвик стојат години посветени на тренинзи, рани утрински подготовки и посветеност, паралелно со училишните обврски и секојдневните предизвици.
Од Македонскиот олимписки комитет повикаа на поддршка за младиот спортист на неговиот пат кон олимпискиот успех.
Настапот на Брезовски ќе може да се следи во живо преку официјалната платформа на Олимписките игри: Olympics.com – Dakar 2026