Марина Мијаковска за „Коскена“ ќе ја прими плакетата „Даница Ручигај“

Во Друштвото на писатели на Македонија денеска ќе биде врачена плакетата „Даница Ручигај“ за 2019 година на Марина Мијаковска за збирката „Коскена“, со критички осврт на  Славица Дабевска Ќировска.

Плакетата се доделува на жена-писателка за стихозбирка објавена во тековната година, а во чест на македонската поетеса Даница Ручигај, која трагично го загуби животот во скопскиот земјотрес во 1963 година.

Свеченото врачување на плакетата е во рамки на книжевниот настан во ДПМ посветен на творештвото на македонските жени-писателки.