Марихуана пронајдена кај тројца скопјани, меѓу кои и малолетник

Кај тројца скопјани, меѓу кои и малолетник, полицијата вчера пронашла марихуана. 

На 23.09.2022 во 23.35 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.И.(24) од с.Идризово, скопско и М.П.(23) и И.А.(21), двајцата од с.Кучевиште, скопско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата. 
Исто така, вчера во 22.30 часот на ул.„Ѓорѓи Пулевски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода  малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.