Марихуана и нож пронајдени кај скопјанец

Марихуна и нож полицијата пронајде кај скопјанец по полноќ.

Денеска (30.01.2023) во 02.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.В.(37) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок., информираа од МВР.